Јацењук: Украина нема да го врати долгот на РФ без договор за реструктуризација

„Ќе објавиме мораториум на исплата на долгот и нема да го сервисираме кредити“, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук во врска со долгот од 3 милијарди долари спрема Русија.

Украина нема да го врати државниот долг спрема Русија ако Москва не се согласи на негова реструктуризација. Ова го изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук во интервјуто објавено во понеделникот во германскиот весник „Ханделсблат“, пренесува ТАСС.

„Ќе објавиме мораториум на исплатата на долгот и нема да го сервисираме кредитот“, изјави Јацењук. Тој потенцираше дека Украина „не може да се однесува спрема Русија на поинаков начин како спрема останатите меѓународни кредитори.

Ние ѝ ги нудиме на Русија истите услови. Рокот за постигнување договор е 29 октомври“, истакна тој.

Тој исто така го нарече кредитот што Москва му го даде на Киев „реално мито од Русија“, кој поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, според неговото тврдење, го добил за да го запре потпишувањето на спогодбата за асоцијација со ЕУ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња