Медиуми: Русија може да го блокира кредитирањето на Украина преку ММФ

Русија ја разгледува можноста за блокирање на понатамошно кредитирање на Украина од страна на ММФ во случај на дефолт на Киев поради долгот спрема Москва, пишува агенцијата „Блумберг“.

Важечките правила на ММФ забрануваат кредитирање на земји кои имаат несервисиран долг спрема официјални кредитори. Меѓутоа, фондот има намера да ги измени тие правила. На пример, земјата-заемопримач, дури и да се наоѓа во дифолт, ќе има можност да продолжи да добива пари од ММФ доколку се однесува совесно и ги продолжува конструктивните преговори со земјата-кредитор со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение.

Русија може да ја оспори подготвеноста на Украина за конструктивни преговори, пишува агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на свои извори, а пренесува „Взгљад“.

Земјите-заемопримачи, поаѓајќи од општите правила, треба исто така да му покажат на ММФ дека за да можат да продолжат да добиваат кредити, нивната задолженост е стабилна. Москва може да одбие да потврди дека Украина е способна да го сервисира долгот спрема Русија.

Москва засега нема донесено одлука во однос на стратегијата на своите активности во однос на ова прашање во ММФ.

САД и останатите западни земји, имајќи мнозинство во ММФ, во секој случај можат да ја спроведат одлуката која ним им одговара преку извршниот совет на фондот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња