Украински граничар отворил оган врз двајца жители на Ростовската област кои сакале да направат селфи на граничниот премин со Украина „Красна Таловка“. Еден од нив е ранет и префрлен во болница, соопшти управата на Федералната служба за безбедност на Русија за Ростовската област, а пренесува „ТАСС“.
Рускиот државјанин е ранет во гради. Пријателите го префрлиле ранетиот до соседниот руски премин „Волошино“ и се обратиле до руските граничари за помош.
Ранетиот е префрлен во најблиската медицинска установа каде му е укажана потребната помош.
Од Пограничната служба на Украина ги негираа информациите и го нарекоа провокација соопштението на управата на ФСБ за Ростовската област.
„Државната погранична служба на Украина официјално изјавува дека наведената информација потполно не одговара на реалноста и е со исклучително провокативен карактер“, се вели во соопштението на сајтот на ДПСУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.