Медиуми: На Исток изгрева нова ѕвезда

Обединета со две третини од населението на планетата во рамките на Шангајската организација за соработка и БРИКС, токму Русија, а не САД, се наоѓа во центарот на меѓународната арена, смета американскиот новинар Фил Батлер.

Во последно време САД се изолирани од поголемиот дел од останатиот свет, пишува новинарот. „Нѐ предадоа токму нашите, светот е веќе сит од американската хегемонија и угнетувањето, а на Исток изгрева нова ѕвезда која се препознава уште сега“, смета Батлер.

Според него, претседателот на САД Барак Обама и неоконзервативците успеаја неповратно да ги изолираат САД од светот во моментот кога Русија сѐ повеќе станува препознатлива во светот.

„Обединети со две третини од населението на планетата, во моментов Русите – а не њујорчаните или калифорниската елита – се наоѓаат во центарот на светската арена. Според него, шефовите на 15 држави од три континенти се сретнаа во Уфа за да објават дека излегуваат од сенката на деловните интереси на САД. Потпишаните договори значат основа за соработка во високата политика, создаваат услови за ширење на меѓусебната трговија и реализација на гигантски потенцијал за масовно инвестирање и размена на технологии.

На тој начин Русија и другите земји ги лишија САД од тој безмерен потенцијал, потенцира Батлер. Според него, Северна Америка сега претставува остров, Велика Британија одамна ја изгуби својата важност, а ЕУ се прпелка за да остане во тек со останатите.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња