Научниците од Факултетот за физика при Московскиот државен универзитет патентираа нов начин за прочистување на воздухот од органски загадувачи. Филтрите од материјалот што тие го добија работат на светлина, со помош на сонце или со обична светилка.
Издувните гасови, токсичните битови и индустриски органски соединенија, чадот од цигари и непријатните миризби, како и вирусите и штетните бактерии му се закануваат на животот на сите луѓе во светот и ја нарушуваат животната средина.
За борба со загадувањето на воздухот се користат различни системи на филтрација – од механички до јагленски. Постојат и фотокаталитички филтри. Тие содржат пропустлив носач покриен со диоксид на титан. При осветлување со ултравиолетова светлина тој создава активни радикали (група атоми) кои ги неутрализираат штетните примеси.
Овие филтри ги разложуваат штетните материи на безбедни делови и можат да образуваат антисептични молекули хидроген пероксид. Благодарение на ова се врши заштита од појава на мувла.
Основен недостаток на современата технологија на фотокаталичкото прочистување е неопходноста за користење на скапи ултравиолетови ламби со жива: испарувањето од живата е отровно. Сепак, научниците од Московскиот државен универзитет успеаја да го решат овој проблем и да најдат замена за штетните ламби.
„За да се ослободиме од штетните ламби се обидовме да добиеме катализатор кој е чувствителен на природна сончева светлина или на обична светилка“, објаснува раководителот на истражувањето Елизавета Константиновна, професор на Факултетот за физика при Московскиот државен универзитет. Успеавме да синтетизираме ваков катализатор.
Благодарение на површината на која се присутни хемиски активни радикали во високи концентрации, нанокристалниот диоксид на титанот функционира како ефикасен фотокатализатор. Научниците на него му додале примеси на азот и јаглерод. Ваквиот наноматеријал не само што станува можен фотокатализатор при обично осветлување, ами и подобро го прочистува воздухот.
Како да се направи филтер од ваков материјал? Научниците предлагаат тој да се направи, на пример, од стаклени топки со дијаметар од 0.1 милиметри или во вид на рамна површина. На неа може да се нанесе нанокристален прашок на диоксид на титан со примеси на азот или јаглерод.
Воздухот што треба да се прочисти или се издувува преку порозниот носач или едноставно доаѓа во контакт со неговата рамна површина, која е осветлена со ламба со виден дијапазон или со природна светлина.
„Сега работиме на усовршување на технологијата и бараме други начини за добивање катализатори кои се чувствителни на видлива светлина. Доколку за нашата разработка интерес покажат инженери и инвеститори, ние сме подготвени да ја доведеме технологијата до лабораториски уреди и прототипи за прочистување на воздухот“, вели за „Руска реч на македонски“ авторот на патентот Владимир Зајцев.
Според него, со помош на технологијата ќе биде можно дури и да се направат „бактерицидни“ покривки за ѕидови. „Тогаш целата површина на просторијата ќе работи како прочистувач на воздухот, каде под дејство на видлива светлина ќе се разурнуваат органските молекули и ќе се уништат штетните микроорганизми“, вели Зајцев.
Ваквите високоефикасни филтри може да се користат за прочистување на штетните материи од претпријатијата и за прочистување на станбените простории и на медицинските згради.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче