Најдобар руски универзитет, како и минатата година, е Московскиот државен универзитет (МГУ), пренесува РИА „Новости“.
Според составувачот на рејтингот, компанијата „Квакарели Симондс“ (Quacquarelli Symonds – QS), МГУ е на 108 место на листата.
Санктпетербуршниот државен универзитет падна за две места во споредба со лани и го зазеде 258 место. Во топ-300 влезе и Новосибирскиот државен универзитет - на 291 место.
Во десетте најдобри руски универзитет исто така влегоа и МГТУ „Бауман“, Московскиот физико-технички универзитет, Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), Томскиот државен универзитет, Томскиот политехнички универзитет, како и „МИФИ“ и „Високата школа за економија“.
Со новиот рејтинг четири руски универзитети се здобија со повеќе од 100 поени – Томскиот државен универзитет, МИФИ, Далечноисточниот федерален универзитет и Воронешкиот државен универзитет.
На првите три места на листата се американските универзитети – МИТ, Стенфорф и Харвард.
Потоа следуваат и англискиот Кембриџ и Калифорнискиот технолошки институт.
Вкупно со рејтингот на QS за 2016 година се опфатени универзитети од 80 земји. Најголем скок направиле универзитетите во земјите во развој: од Блискиот Исток, од Јужна Америка и Африка.
При составувањето на листата се земени предвид неколку показатели: авторитетот на универзитетот во сферата на научните истражувања, соодносот на наставниот кадар и бројот на студентите, индексот на цитираност на научните публикации, репутацијата на универзитетот меѓу работодавачите, застапеноста на странски студенти и предавачи од странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче