Ту-214Р
Рима СадиковаПојавувањето на најновиот руски авион за набљудување среде воениот конфликт во Сирија не е случајност. На рускиот воен врв му се неопходни податоци од терен, со цел да може подобро да се согледа ситуацијата на сириско-турската граница и да се дознае дали постојат веродостојни податоци за воените подготовки на Турција за копнена операција во Сирија, а исто така да се следи прегрупирањето на турските вооружени сили.
На 3 февруари Турција го одби барањето на Русија нејзините претставници да извршат набљудувачки лет на турскага територија во рамките на договорот „Отворено небо“. Руската Федерација одговори со „тешка артилерија“, односно го испрати шпионскиот авион Ту214Р кој може да врши комплексно набљудување без да ја пресече сириско-турската граница. За разлика од авионот Ту-214ОН, кој е направен специјално за „инспекција“ во рамките на договорот „Отворено небо“ и поседува само апаратура за фотографирање, Ту-214Р има невидени можности за собирање разузнавачки податоци.
Обединетата корпорација за производство на уреди што го произведува Ту-214Р, не сакаше за „Руска реч на македонски“ да ги открие тактичко-техничките карактеристики на овој авион, зашто тие се чуваат во тајност, од годишниот извештај на радиоконцернот „Вега“ (кој е во состав на споменатата корпорација) за 2014 година, успеавме да дознаеме определени детали.
Од своите цивилни „браќа“ Ту-214Р се разликува според карактеристичните „испусти“ под носот и опашката, како и по страничните аеродинамични закривувања, каде се сместени моќни радари со фазирани антенски решетки со страничен и со кружен преглед.
Токму овие радари, кои се дел од мултифрекфентниот радиотехнички систем МРК-411, претставуваат уши и очи на овој авион. Со нивна помош операторите добиваат информација во активен и во пасивен режим (односно без откривање на својата положба), и се фаќаат разговорите на противникот преку радиоврска.
Главната карактеристика на радарите со кои е опремен Ту-214Р е нивната можност да го регистрираат и она што се крие „под површината“. Со други зборови, авионот „гледа низ земјата“. Од Ту-214Р не може да се скрие ниту еден објект закопан во земја, прекриен со снег или со песок, или, пак, со стебла. Радарот секако ќе го „сними“ и веднаш ќе испрати податоци во командниот пункт.
Радиотехничкиот систем е дополнет со оптичкоелектронски систем со висока резолуција „Фракција“, со чија помош посадата на Ту-214Р во реално време добива приказ од теренот со висока резолуција и тоа во видлив и во инфрацрвен дијапазон.
Пред да бидат упатени во жариштето на воениот конфликт на Блискиот Исток, авионите Ту-214Р (а ги има вкупно два, судејќи според достапниот список), сериозно ја загрижија јапонската противоздушна одбрана, кој на средината на декември 2015 година забележа неутралните води во Јапонското Море. Вториот Ту-214Р летото 2015 година леташе покрај украинската граница. Токму овој авион сега испраќа разузнувачки податоци од Сирија на рускиот воен врв.
Ту-214Р долго време беше во фабричките хали и околу него се водеа судски спорови помеѓу Министерството за одбрана и производителот поради повеќекратното одложување на предвидениот рок за примопредавање на авионот.
Конфликтот во Сирија го означи крајот на долготрајната „фабричка фаза“ и го забрза усовршувањето на овие крилати супершпиони. Причината за одлижувањето не беше само постојаните измени во конструкторската документација, туку и потребата системот за набљудување максимално да се усоврши, зашто во својата првобитна варијанта тој не одговараше во целост на потребите на армијата. Во годишниот извештај на радиоконцернот „Вега“ беше соопштено дека тактичко-техничките карактеристики на мултифункционалниот радиотехнички систем се подобрени во смисла на тоа дека сега поефикасно ги регистрира скриените објекти, а составена е и база на радарски прикази, како и специјален алгоритам за обработка на податоци за дешифрирање и испраќање податоци директно од авионот.
Опремен со олку моќна авионика, Ту-214Р ќе извршува задачи заедно со другите шпионски авиони на руските воено-космички сили во Сирија, односно заедно со Ил-20 и со А-50. Благодарение на авионот Ту-214Р рускиот воен врв благовремено ќе добива податоци од комплексното набљудување на регионот, без оглед на „затвореното небо“ над Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче