Путин: Москва се радува на обновата на соработката меѓу Русија и Турција

Претседателот на РФ Владимир Путин во Москва се сретна со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган изјави дека обновата на односите меѓу Русија и Турција се одвива со брзо темпо, потенцирајќи дека Москва се радува на тоа, пренесува „Газета.ру“.

„Многу нѐ радува што нашите меѓудржавни врски се обновуваат со мошне брзо темпо“, изјави тој.

Од своја страна Ердоган истакна дека турско-руската соработка за изградба на „Турски тек“ и АЕЦ „Акују“ се развива сѐ поактивно, враќајќи се на претходниот курс.

Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков го нарече „долгоочекуван настан“ состанокот на руско-турскиот совет со учество на Путин и Ердоган.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња