Антивалдини протестанти на барикадите каде што се судрија со полицијата во Киев
РојтерсДокументарниот филм „Украина во оган“ чиј продуцент е американскиот режисер Оливер Стоун, беше ставен на 21 ноември на Јутјуб и истиот ден беше прикажан на руската телевизија „Рен ТВ“.
Стоун одамна снима филмови со политичка содржина. Во своето ново остварување тој објаснува кој според него го испровоцирал украинскиот Евромајдан. Во филмот авторот, меѓу другото, го има интервјуирано поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович, претседателот на Русија Владимир Путин и поранешниот министер за внатрешни работи на Украина Виталиј Захарченко.
Филмот на Стоун уште пред премиерата толку ги исплаши украинските политичари и „револуционерната“ јавност, што Украинецот Андреј Незвани два дена пред премиерата на Интернет објави петиција со која се бара забрана за прикажување на овој филм во Украина зашто во него демек „фактите се испревртени“ и филмот може да „предизвика масовни нереди во Украина“.
Во филмот се прикажува како ЦИА, започнувајќи од 1946 година интензивно соработувала со националистичките организации против Советскиот Сојуз, користејќи ги како контраразузнавачка служба. За тоа сведочат и документите на ЦИА од кои неодамна беше симнат печатот на државна тајна.
Националистите „само кон крајот на 1941 година погубиле од 150 до 200 илјади Евреи на територијата на Украина за време на германската окупација“, но подоцна „јаките врски“ им овозможиле по Втората светска војна да избегаат во Европа, каде ЦИА им помагала да се скријат. На пример, Микола Лебед, човекот кој е одговорен за масакрите во Волин, е префрлен во САД, каде починал во 1998 година и никогаш не му било судено за направените воени злосторства – се констатира во филмот. И ова не е единствен пример за соработката на органите на САД со националистите.
Украина во 2004 година стана бојно поле помеѓу Русија и Западот. Тогаш на изборите победи Виктор Јанукович кој беше третиран како проруски расположен кандидат. Но, претседател сепак стана Виктор Јушченко. Тој беше отворено прозападно ориентиран. Неговата сопруга своевремено била службеничка во Стејт департментот, работела во администрацијата на Реган. Јушченко стана претседател благодарение на мирниот протест инспириран однадвор.
Владата на Јушченко набргу крена раце од реформите и од проектот „демократија“, и започна да „лови во матно“.
По Јушченко претседател на Украина сепак стана Виктор Јанукович. Тој водеше преговори со ЕУ, но сè не се одвиваше „според планот“.
„Ние се надевавме на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)... Но, во текот на една цела година тие ни нудеа варијанта која за нас беше неприфатлива... Ни остана само Русија. А, Русија ни рече: Ние сме подготвени да работиме со вас како партнери, доколку вие водите сметка за нашите интереси“, вели Јанукович.
Русија најави дека во случај на „европска ориентација“ на Украина ќе воведе ограничувања во трговијата со оваа земја, со цел да се избегне ситуација во која „Европската Унија би влегла со својата стока на територијата на Русија без никаков договор“.
„Ние, секако, ѝ рековме на Украина дека има право да донесе таква одлука и дека истата ќе ја почитуваме, но ние не мораме тоа да го платиме“, рече Путин.
Оценувајќи ја ситуацијата во Украина, рускиот претседател исто така истакнува: „Таму се менуваа властите, но ништо не се менуваше во животот на обичниот граѓанин. Едноставно кажано, таму населението е систематски пљачкосувано. Тоа беше грабеж на граѓаните и на украинскиот народ. Секако, луѓето се веќе изморени од тоа самоволие, од таа целосно збрлавена корупција“.
Како што на Стоун му раскажува Захарченко, на Министерството за внатрешни работи на Украина му било познато дека се подготвуваат протести за 2015 година. Но, привременото запирање на интеграциите со ЕУ го забрзало процесот. Важна улога во него одиграле граѓанските организации кои ги финансира американскиот Национален фонд за демократија (NED), новинари кои примаат грантови од САД, а исто така и информациски ТВ канали создадени непосредно пред Евромајдан, како што се „ТВ Еспресо“ и „Громаске ТВ“.
Наредбата демонстрантите да се растераат со сила ја издал шефот на администрацијата на претседателот Сергеј Љовочкин, под изговор дека на плоштадот треба да се постави елка се наведува во филмот „Украина во оган“. „Необичната коинциденција се состои во тоа што господинот Љовочкин е близок пријател на многумина американски политичари“, се прецизира во филмот, а пота се прикажани фотографии од официјалната претставничка на Стејт департментот Викторија Нуланд која вели дека Америка од 1991 година потрошила 5 милијарди американски долари за поддршка на демократијата во Украина. „Овие пари се потрошени за поддршка на украинскиот народ во неговата намера да има силна демократска влада која би ги претставувала неговите интереси“, изјавува претставничката на Стејт департментот.
Во овој преломен момент на плоштадот заедно со полицијата излегуваат у ултрадесничарски расположените активисти кои започнуваат да фрлаат камења и да палат бакли и автомобилски гуми. Подоцна започнуваат да применуваат и трауматско и огнено оружје.
На прашањето на Стоун дали Јанукович ја чувствувал „раката на САД“, поранешниот претседател истакнува дека доаѓале многу делегации, но дека сите тие застанале на страната на демонстрантите и дека со тоа го продлабочиле конфликтот: „јас велев дека не треба да се зборува невистината, дека не треба да се застанува на страната на демонстрантите и да се бранат нивните права и со самото тоа да се продлабочува конфликтот. Кога демонстрантите со сила ги заземаат владините згради и институции, дали е тоа дозволено во која било земја? На пример, кога амбасадорот на Украина би ги посетил демонстрантите во Фергусон (Мисури) и би делел таму медени колачиња и пирошки, обвинувајќи ја полицијата на САД? Сметам дека тоа не може да се допушти во која било европска земја! А, зошто кон Украина односот беше поинаков? Амбасадорот на САД постојано ги примаше претставниците на Мајдан во американската амбасада. Ние мошне добро го знаевме тоа и го следевме. Се стекнуваше впечаток дека во амбасадата на САД постои штаб кој управува со овој процес“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче