МНР Русија со коментар за последните случувања во Македонија

МНР РФ се огласи со соопштение за последните настани во Македонија.

Министерството за надворешни работи на Русија се огласи по повод последните настани во Македонија.

„Руска реч на македонски“ во целост го пренесува коментарот на рускиот дипломатски ресор:

„Со загриженост ги примивме соопштенијата за ескалирање на политичката спротивставеност во Македонија, за немирите кои се случија во Скопје. Ги повикуваме сите страни на политички дијалог и непровоцирање на нови изливи на кризата која трае веќе повеќе од една година.

Констатираме дека македонската опозиција повторно стана инструмент за распалување на внатрешно политички конфликт, меѓу другото со надворешна поддршка, со цел да не дојде до одржување на предвремените избори на 5 јуни кои претставуваат единствен демократски и легитимен излез од долгата криза. Притоа, одржувањето на изборите беше договорено уште летото 2015 година, со активна помош од САД и ЕУ, и западните партнери мораат да ги почитуваат постигнатите договори и своите обврски што ги имаат преземено во тој контекст.

Сметаме дека е недозволиво да се разнишува кревката ситуација во Македонија поврзана со комплициран етничка и верска структура на земјата. Активирање на „украинското сценарио“, надворешно инспирирање на незаконски дејствија и на државни удари може да доведе до сериозни потреси во Македонија, како и до дестабилизирање на целиот Балкански регион.

Ги повикуваме сите политички сили и претставници на меѓународната заедница да го следат патот на решавање на внатрешната македонска ситуација со мирни средства, со почитување на дејствијата и на одлуките на легитимните власти и на македонското раководство“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња