Извор: Ројтерс
Во интервју за телевизискиот канала Си-Ен-Ен Барак Обама изјави дека „Путин донел одлука во врска со Крим и со Украина не зашто имал некаква стратегија, туку дека, всушност, протестите на Мајдан го начекале неподготвен, а исто така и бегството на Јанукович откако ние настапивме како посредник во преминот на власта во Украина...“
„Подмолна формулација“
Зборовите на Обама го привлекоа вниманието на многумина во Русија. Така, на сајтот на државната информациска агенција РИА Новости беше објавена статија „Обама го призна очигледното: 'мајдан' е дело на Вашингтон“. Според авторот на статијата „американскиот лидер констатирал дела државниот преврат ... се случил со непосредно организациско и техничко учество на САД“.
Американците никогаш, дури и кога нивното учество во државните преврати беше очигледно, не го признавале тој факт. И никој не го признава.
Андреј Кортунов
Рускиот совет за меѓународни работи
Ваквата интерпретација ја поддржува директорот на Центарот за политичка конјунктура Сергеј Михеев. Според него, „Обама го кажа она што и онака беше познато“. „Американците вложија сериозни напори за да се одржи мајдан во Киев и за да се развива според сценариото на насилна смена на власта, според сценариото за засилување на насилството и за заострување на конфликтот со Русија“, изјави експертот за „Руска реч на македонски“.
Михеев смета дека „подмолната формулација“ за посредништво крие признание на Обама дека „ние [САД] сето тоа го организиравме, ние со тоа управуваме“. Притоа, според мислењето на експертот, фактот што САД изјавуваат за посредништво, иако во изработката и потпишувањето на спогодбата од 21 февруари, според која требаше да се овозможи мирен излез од кризата, со оглед на тоа дека Вашингтон воопшто не учествуваше, ја карактеризира основата на политиката на Американците во украинскиот конфликт. Како што подвлекува Михеев, на Европејците на милост и немилост им се даваат формални мировни дипломатски иницијативи, кои се предодредени на неуспех, додека САД, реално раководејќи го целиот процес, ја решаваат својата задача за дистанцирање на Европа од Русија со помош на Украина.
Обама ја преувеличува улогата на САД?
Во исто време, како што забележува генералниот директот на Рускиот совет за меѓународни работи Андреј Кортунов, „би било смешно да се очекува дека претседателот на САД ќе изјави оти неговата земја учествувала во државниот преврат“. Според експертот, Обама сакал да каже дека САД, заедно со неколку европски земји, учествувале во постигнувањето компромис помеѓу Јанукович и опозицијата.
Кортунов исто така забележува дека Вашингтон не учествувал во официјалниот преговарачки процес во Украина, иако САД имале неофицијални контакти со спротивставените страни. Затоа експертот смета дека Обама ја преувеличил улогата на САД.
„Од една страна, САД не можат да признаат дека тие придонеле за државниот преврат, но, од друга, за американската дипломатија би било непријатно да ја претстават работата на начин, според кој американското учество би било маргинализирано и би имало мало значење“, изјави за „Руска реч на македонски“ експертот.
„Метафора“
Како што смета Кортунов, медиумите во Русија ги протолкувале зборовите на Обама во согласност со руската интерпретација на украинските настани. „Американците никогаш, дури и кога нивното учество во државните преврати беше очигледно, не го признавале тој факт. И никој не го признава“, подвлекува експертот.
На сличен начин ги толкува зборовите на Обама и Максим Братевски од Центарот за европски истражувања на Вишата школа за економија. Според него тие не треба да се интерпретираат буквално. „Тоа е нешто метафорично, што се однесува на американското лидерство во овој конфликт“, изјавува за „Руска реч на македонски“ експертот, забележувајќи дека овие зборови не можат да ги поврзат американскиот претседател со настаните за кои немало официјално посредништво на Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче