Руски државјанин ранет во терористичкиот напад во Истанбул

Од Генералниот конзулат на Русија во Истанбул го соопштија името на рускиот државјанин кој настрада во терористичкиот напад врз меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.

„Настраданиот државјанин на Русија е Александар Владимирович Лубнин. Со него разговаравме по телефон. Неговото државјанство го потврдува и болницата, меѓутоа официјална информација од турските власти по тој повод засега немаме. Детали не успеавме да добиеме од него, затоа што го подготвуваа за операција“, изјави претставник на руската дипломатска мисија во Истанбул.  

Како што претходно во средата соопшти ополномоштениот од претседателот на Русија за правата на детето Павел Астахов, детски фолклорен ансамбл од Казањ не успеал да полета од Истанбул поради терористичкиот напад.

Во аеродромот во Истанбул во вторникот се случи терористички напад кој го извршија тројца терористи-самоубијци. Едната од експлозиите се случи на паркингот, останатите две – на влезот и излезот на меѓународниот терминал. Загинаа 36 лица и тројцата терористи. Не се исклучува бројот на загинати да се искачи до 50 луѓе, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња