Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави: „Нема ни збор за плаќање на отштета. Ние само изјавивме дека жалиме поради она што се случи“, рече политичарот.
Тој исто така денеска во парламентот на Турција изјави дека е почната фаза на нормализација на односите до Русија. „Контактите на нашите лидери преку посредници на крајот на краиштата дадоа резултат. Мразот почна да се топи. Почна фаза на нормализација на односите меѓу Русија и Турција. Им посакувам среќа на нашите народи“, ги пренесува ТАСС зборовите на Јилдирим.
Турскиот премиер додаде дека други држави исто така многу направиле за односите меѓу Анкара и Москва да дојдат до оваа фаза. „Особено сме им благодарни на нашите браќа - Казахстан, Азербејџан, другите држави во регионот, нивните лидери за сѐ што презедоа по ова прашање, рече турскиот премиер и додаде дека Турција продолжува забрзано да ги подобрува односите со сите земји од Медитеранот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче