Сите инвестициски проекти со Турција ќе бидат замрзнати поради соборувањето на рускиот Су-24 во Сирија од страна на турскот воздухопловство, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.
„Тие договори, тие инвестициски проекти можат да бидат замрзнати или едноставно од нив можеме да се откажеме“, ја пренесува неговата изјава од седницата на владата Интерфакс.
Медведев исто така предложи да се откажат преговорите за инвестициските олеснувања со Турција.
Станува збор, како што рече премиерот на РФ, за замрзнување на цела низа инвестициски проекти кои постоеја поради високото ниво на доверба спрема Турција. Мерките кои ќе бидат преземени се однесуваат и на реализацијата на економската соработка, ограничувањата на финансиските операции, таксите за увози и извоз, а ќе влијаат и на туризмот, сообраќајот, вклучително и на поморскиот и воздушниот, како и и на хуманитарните контакти.
Медведев им даде рок од два дена на министерствата за транспорт, земјоделство, култура и на царинската служба да подготват свои предлози за ограничување на соработката со Турција.
Исто така, Медведев му наложи на „Россељхознадзор“ да ја засили контролата врз испораката на земјоделски производи од Турција, како и да организира дополнителни проверки на границата на Русија и на производството во Турција, изјави министерот за земјоделство на РФ Александар Ткачев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче