Регионалниот парламент на Венеција денеска ќе дискутира за документот во кој има точка во која се наведува дека Крим е дел од Русија. Иницијатори на резолуцијата се 25 парламентарци. Во случај на позитивен исход од гласањето, Венеција ќе стане првиот регион во Европа кој го признава новиот статус на полуостровот, пренесува РИА „Новости“.
„И гласањето за резолуцијата во регионалниот совет на Венето, и другите политички процеси како што се анкетите на јавното мислење, референдумот во Холандија – сето тоа покажува дека процесот на антируската пропаганда во контекст на Украина не само што влезе во ќорсокак, туку и почна да се врти обратно и да работи против сите кои го започнаа. Ова е само почетокот“, изјави Захарова во интервју за весникот „Известија“.
Според нејзиното мислење, Европа е веќе поинаква отколку што беше пред пет години. „Неколку фактори: сириската криза, општата ситуација во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, ситуацијата со Украина, мешањето во внатрешните работи не само на Украина (во која внатрешни работи воопшто и не останаа), но и во внатрешните работи на европските земји – сето тоа создава совршено поинаква слика за иднината на Европа“, ги цитира весникот зборовите на Захарова.
Според неа, тоа е и позадината на „сегашната загуба на европскиот суверенитет во надворешната политика“.
„Колку и да работи информативната машина, колку и да се појавуваат нови информативно-пропагандистички компании и структури, луѓето не можат да не видат (и гласањето во Венеција само го потврдува тоа), дека сета политика е насочена исклучително против Европа. Притоа ова се однесува не на моменталните краткорочни потешкотии, овие проблеми имаат долгорочен карактер“, додаде Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче