1. Советск
Советск во Калининградската област е вториот град по број на жители во овој регион. Се наоѓа на сливот на реките Тилжа и Неман и се граничи со Литванија.

Legion Media
Советск во Кировската област е мал уралски град кој исто така се наоѓа на слив на реки, овој пат на Пижма и Вјатка.

Sovetsk43 (CC BY-SA)
2. Благовешченск
Благовешченск во Амурската област се наоѓа преку реката од кинескиот град Хеихе, кој може да се види од брегот. Благовешченск е една од последните станици на Транссибирската железничка магистрала.
Legion Media
И Башкирија има свој Благовешченск. Станува збор за индустриски град кој е создаден во средината на XVIII век до фабрика за преработка на бакар. Се наоѓа недалеку од Уфа, главниот град на регионот.
Aidar254 (CC BY-SA)
3. Кировск
Градовите именувани по револуционерот Сергеј Киров се наоѓаат во Мурманската и Ленинградската област. Во Мурманската област, Кировск лежи во подножјето на планината Хибини зад Северниот поларен круг. Тоа е еден од најпопуларните скијачки центри во земјата.
Semen Vasileyev/Anadolu Agency / Getty Images
Кировск во Ленинградската област е сателитски град на Санкт Петербург. Во него се наоѓа меморијален комплекс посветен на одбраната на Ленинград во Втората светска војна.
Olga1969 (CC BY-SA)
4. Приморск
Во малиот град Приморск во Ленинградската област зачувана е протестантската црква „Св. Марија Магдалена“, поранешна лутеранска црква од почетокот на XX век.
Legion Media
Свој Приморск има и Калининградската област, и тоа е еден од најмалите градови во Русија, но, сепак, со голем број убави куќи и улици.
Legion Media
5. Краснослободск
Името на овој град доаѓа од зборовите „краснаја“ и „слобода“, што значи убава населба. Во Русија два града го носат ова име. Едниот е во Мордовија, познат уште од средината на XVI век (до 1780 година се викал Краснаја Слобода).
Станислав Красильников / TASS
А вториот е во близина на Волгоград. Тоа е неговиот сателитски град на спротивниот брег на реката Волга. Основан во 1870 година, и тој првично се викал Краснаја Слобода.
Natalia Semenova (CC BY-SA)