- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Овој фрижидер е направен уште во 1950-тите за складирање на огромно количество риба и сè уште е најголемиот на светот.
Се наоѓа во населбата Нови Порт (Ново Приштаниште) на Јамал. Во триесеттите години на минатиот век таму се населија главно принудно иселени жители на европскиот дел на Русија - Германци од Поволжјето, жители на западна Украина, Молдавија и многу други граѓани на СССР кои беа преселени во оваа недојдија поради репресиите на Сталин.
Имаше многу риби, бидејќи Обскиот залив е место на миграција на есетрата. Во 1930 година на тоа место беше изградена фабрика за преработка на риба. Количините на риба беа енормни, но недостигаше простор за складирање. Есетрата беше ловена зиме, за време на миграцијата, а транспортирана лете, за време на пловната сезона. Во меѓувреме некаде мораше да се складира огромното количество уловена риба, а во таа „недојдија“ немаше доволно струја за напојување доволен број фрижидери. Затоа беше донесена одлука да се изгради џиновски фрижидер во пермафростот, т.е. во вечно замрзнатата почва.
Сите работи се вршеа рачно. Вечно замрзнатата почва беше ископана со казма. Се работеше во три смени, во секоја смена по 15-20 мажи, но и жени, кои ги извлекуваа надвор санките натоварени со исечени парчиња пермафрост. Целата работа беше завршена за шест години.