- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Се работи за тоа дека столбовите, ѕидовите и ходниците на Московското метро се обложени со природен камен. Така, ако погледнете повнимателно, можете да откриете фосилизирани остатоци од древни организми на нив: школки на наутилус и амонит, морски лилјани и најразновидни брахиоподи и гастроподи.
Погледнете ги најинтересните меѓу нив.
На станицата „Добрининска“ во црвен мермер се овековечени школки на наутилус и амонит.
На станицата „Каширскаја“ се гледаат два сраснати фосили. Белата „опашка“ е морски лилјан, а поголемиот дел е сунѓер склероспонгија.
Доста голем број на фосили се среќаваат и на станицата „Трубнаја“, особено на ѕидовите на перонот. Ако подобро се загледате, на светлиот мермер ќе забележите школка од гастроподи со пречник од 20 сантиметри!
Специфична „елка“ на станицата „Трубнаја“. Контрастот е зголемен на фотографијата за полесно да се забележи фосилот на сивата позадина.
Цела низа амонити, корали и морски лилјани може да се видат на станицата „Комсомолскаја“: во преминот што води до Јарославската железничка станица. На фотографијата гледате амонит.
А ова е морски лилјан на „Комсомолскаја“.
Необичен сунѓер од родот Demospongia се скрил на столбот на станицата „Первомајскаја“.
Групирани морски лилјани можете да видете на станицата „Плоштад „Илич“.
А ова е школка на брахиопод на „Плоштадот „Илич“.
Невозможно е да се набројат сите фосили, но побарајте повеќе полжави на ѕидот на ходникот што ја поврзува станицата „Курскаја“ на радијалната и кружната линија.