Чудните карпи „кекури“ на Чукотка (ФОТОГРАФИИ)

Игор (Zavodfoto)
„Кекури“ се карпести столбови на рускиот Далечен Исток кои се формирале благодарение на долготрајните елувијални процеси. Зборот „кекур“ (и нему слични зборови) постои во ненецкиот, јакутскиот и долганскиот јазик,

Чукоткските „кекури“ се наоѓаат на неколку километри од градот Певек на северот на Чукотскиот автономен округ (69°42′ северна географска ширина).

Певек е сместен на брегот на теснецот и е опкружен со ридови. Познат е по најсилните ветрови на светот.

Овде често дува „Јужак“, ветер кој буквално те соборува од нозе. Така природата со помош на ветровите од карпите направила „кекури“.

Овие „остатоци“ на камени карпи изгледаат како прсти кои стрчат од земјата. Групирани се на неколку места.

Тие немаат официјални имиња, но мештаните ги нарекуваат на свој начин - „Престол“, „замок“, „ѕидови“ па дури и „профилот на Сталин“.

Луѓето изгледаат ситни во споредба со џиновските карпести остатоци во позадина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња