Паркот „Горки“ во Москва
Александар Авилов / Агенција „Москва“Паркот „Горки“ е веројатно најпознатиот парк во Москва. На почетокот на ХХ век на тоа место имаше градини и ѓубриште каде што се носеа секакви старудии. Тука, во 1922 година, болшевиците ја одржаа Серуската земјоделска изложба, а шест години подоцна решија да изградат парк за култура и одмор.
Паркот „Горки“ во Москва
Александар Авилов / Агенција „Москва“Во паркот беше планирана и едукација за работниците. А во неговата изградба се вклучија архитектите Константин Мељников и Ел Лисицки, познати по својата авангардна ориентација во работата.
Верувале или не, првиот ден повеќе од сто илјади луѓе го посетија паркот. Алеите за пешачење ги красеа скулптури, а во паркот имаше модерни луна-паркови, простор за фискултура и танц, „читална“.
Во 1932 година паркот го доби името по најпознатиот советски писател Максим Горки, по повод четириесетгодишнината од неговото творештво. Писателот доаѓаше и одржуваше состаноци овде, иако имаше критички однос кон култот што се плетеше околу неговото име.
Паркот стана модел по кој се градеа парковите и во другите градови во Советскиот Сојуз. Сите се проектирани слично: монументална централна порта, алеи, креативни зони, кафулиња, панорамски тркала и други видови забава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче