- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Природата богато ги обдарила планините Урал. Тие кријат изобилни наоѓалишта на злато, сребро и скапоцени камења. Но, никаде во светот не може да се најде таква концентрација на наоѓалишта на висококвалитетни скапоцени камења како во Мурзинско-Адујиот појас, популарно наречен „Мурзинка“.
„Појасот на скапоцените камења“ се протега 100 километри долж источната падина на Урал. Го зафаќа просторот помеѓу реките Нејва, Режа и Адуја. Се смета дека овие наоѓалишта први ги откриле браќата индустријалци Дмитриј и Михаил Тумашеви, кои во 1668 година во близина на тврдината Мурзин (околу 120 километри од Екатеринбург) пронашле скапоцени камења и бакарна руда. Своето откритие го пријавиле на властите во Москва и за тоа добиле награда. И во 1700 година бил објавен указот на Петар I „За рударската слобода“, со кој му се дозволувало на секој човек да бара скапоцени камења. Тогаш започнала „златната треска“ или, поточно, „треската по скапоцени камења“.
Локалните жители во тие краишта почнале да наоѓаат парчиња аметист, топаз, берил, смарагд. Кај селото Липово, во 1900 година, еден селанец случајно ископал турмалини од земјата, што предизвикало вистинска сензација. Минерологот Александар Ферсман напишал дека ниту еден друг камен во светот не може да се спореди со тие турмалини во однос на убавината и длабочината на бојата.
Примероците на уралските камења можат да се видат во минералошките музеи во селото Мурзинка и градот Реж. Некои експонати се чуваат и во музејот на скапоцени камења во Москва, на пример, џиновскиот топаз „Победа“ тежок 43,6 килограми.
Во советско време потрагата по скапоцени камења беше национализирана. Денес овде најмногу се ископува смарагд (меѓу другото и на познатото Малишевско наоѓалиште), додека за останатите рудници се смета декасеисцрпени или нерентабилни.
Денес, на маршрутата „појасот на скапоцени камења“ може да се сретнат туристи и ловци на минерали. Кој знае, можеби некои од нив ќе има среќа?