- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Москва на големо тргна во пресрет на Новата година. Традиционалното празнично осветлување со кое руската престолнина редовно се украсува во овој период од годината ја прави Москва да изгледа исклучително свечено и пријатно во зимските денови.
Александар Авилов/Moskva Agency
Најраскошните гирланди и новогодишни елки се наоѓаат околу централните метро-станици, пешачките улици и местата каде се одржува фестивалот „Патување во Божик“, популарна манифестација во руската престолнина за време на новогодишните празници.
Сергеј Савостјанов / TASS
Да почнеме од Црвениот плоштад. Веднаш до ГУМ е отворен омилениот празничен панаѓур на московјаните и гостите на руската престолнина. Кочии, киосци со слатки (зимата не може да помине без нив), сувенири и, секако, лизгалиштето.
Legion Media
И внатрешноста на ГУМ е во празнично руво, исполнета со џиновски лампиони и играчки во вид на птици и зимски бобинки.
Сергеј Карпухин / TASS
Централната новогодишна елка во земјата е донесена од шума во близина на Москва. Висока е 25 метри и е поставена на Соборниот плоштадот во Кремљ. Оваа шумска убавица се китеше цела недела.
Јарослав Чингаев/Moskva Agency
Пред познатиот театар „Бољшој“ вниманието го пленат бајковитите витки и сплетови на светлечките сводови. Наместо големи конструкции, на Манежниот плоштад годинава има елегантни осветлени столбови.
Владимир Астапкович / Sputnik
На булеварите, како и претходните години, може да се видат прекрасни осветлени тунели. Невозможно е оваа глетка да не се фотографира.
Сергеј Ведјашкин/Moskva Agency
Во Москва се инсталирани повеќе од 4,9 илјади светлосни енергетски штедливи конструкции. Наменети се за повеќекратна употреба, а стручњаците кои секоја година прават различни композиции го заслужуваат секое признание.
Сергеј Савостјанов / TASS
Покрај тоа, во градот се поставени повеќе од илјада новогодишни елки, природни или вештачки. Една од најнеобичните се наоѓа на Северната речна железничка станица. Накитена е со цитати од книжевни дела.
Владимир Гердо / TASS
Годинава особено се издвојува ВДНХ, каде се одржува изложбата „Русија“ на која учествуваат сите региони во државата и најголемите претпријатија. Новогодишната елка од Тулската област е украсена со надалеку познатите тулски медени колачиња и самовари. А новогодишна елка од Приморскиот крај е со школки и слики од Владивосток. Вкупно 90 новогодишни елки - цела шума.
Алексеј Никољски / Sputnik