Село со „жешко“ име Африканда се наоѓа на 230 километри од Мурманск

Russia Beyond (Лобанов Вячеслав (CC BY 3.0); Google maps)
Според најпопуларната верзија, ова необично име за Северот настанало во еден топол, летен ден. Некој ја споредил северната жега со африканската, на шега додавајќи го вториот корен на зборот „-канда“ од угрофинските јазици: недалеку од селото се наоѓа железничката станица Охтоканда.

Меѓутоа, на почетокот железничкиот премин, изграден во 1925 година (според различни верзии, во 1930 или 1932 година) се викал Африканда.

Железничката станица Африканда

И името се покажало интересно. Ситуацијата понатаму се развивала на следниов начин:

Во 1934 година во близина на железничкиот премин се појавило селото Африканда.

Во 1937 година на тоа подрачје се појавил воениот град Африканда.

Во 1940 година тука е изграден воениот аеродром Африканда.

Во 1948 година едно село не било доволно и се појавило второ – се викало Африканда-2. 

Во близина на селото има огромни природни богатства. Таму во 1935 година беа откриени титаниум, ниобиум, тантал, радиоактивен ториум, како и реткоземни елементи. Откриен е нов вид карпи, кој го доби името „африкандит“, како и уште четири други минерали.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња