Марсовците се меѓу нас и тоа не е шега. На картата на Русија можете да најдете многу населени места именувани по небесни тела. Во Русија во различни региони постојат и „Марс“, „Венера“, „Јупитер“, „Месечина“ и „Орион“. Меѓутоа, таму не се вршат никакви вселенски истражувања и не се обучуваат космонаути. Зошто тогаш добиле вселенски имиња?
Марс, село во Рузскиот реон на Московската област.
Mark Nakoykher (CC BY-SA 4.0)На северозапад од Москва, во близина на античкиот град Руза, има патоказ за селото Марс. Никој не може да помине покрај него, а да не се фотографира за спомен. Денеска во селото живеат само неколку десетици Марсовци, т.е. на неговите жители, и нема никакви знаменистости.
Слични села постојат во Ростовската, Орловската, Нижегородската, Кировската, Калушката и Курганската област, како и во Башкирија (Република Башкортостан). И сите тие се навистина именувани по планетата Марс.
Втора по популарност е Венера. Населби именувани по оваа планета постојат во близина на Самара, Оренбург и во Мордовија. Во седумдесеттите години на минатиот век селото Венера во Липецката област стана микроеон на градот Липецк.
Село Марс. Поглед од фестивалската падина на високиот брег на Меѓуречјето. Фестивал „Радоста на животот 2019“.
Иван Кривошеев (CC BY-SA 4.0)Неколку села во Башкирија и Брјанската област го носат името Јупитер, во Оренбуршката област постои село Уран, а во Татарстан село Нептун. Во близина на Смоленск и Тула има населби наречени Луна (Месечина). А Чувашија и Мордовија имаат свои Поларни ѕвезди, т.е. населби кои биле именувани во чест на ѕвездата Северница.
Сите овие населби се создадени во текот на 1920-тите и 1930-тите кога младата советска држава интензивно работеше на описменување и културно просветлување на населението. Советскиот локален етнограф Валентин Прохоров, кој ја проучуваше топонимијата на Липецката и Воронешката област, забележа дека „космичките“ имиња се последица на ширењето на знаењето за атеизмот и природните науки во селата.
Село Марс, колхоз „Црвен партизан“ во Ростовската област, 1969.
В. Козлов/SputnikЕдна од главните теми на тој период беше работата на научникот Константин Циолковски за освојувањето на космосот, која беше романтизирана во масовната култура и печатена во голем тираж.
Во 1924 година се појави филмот „Аелита“, заснован на расказот на Алексеј Толстој за лет на Марс и плановите на неговите херои да организираат револуција таму. А во 1935 година беше снимен филмот „Вселенски лет“ за експедиција на Месечината, за која сценариото беше напишано во консултација со Циолковски. И двата филма имаа огромен успех.
Населбите што беа создадени во тоа време ги добија своите имиња во духот на времето и ги зачуваа до ден-денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче