Марс на Алтај: Планини кои во текот на денот ја менуваат бојата (ФОТОГРАФИИ)

Туристи во долината Кизил-Чин во Чујската степа во Република Алтај. Високата содржина на жива во карпите им дава црвеникава нијанса.

Туристи во долината Кизил-Чин во Чујската степа во Република Алтај. Високата содржина на жива во карпите им дава црвеникава нијанса.

Андреј Каспришин/Sputnik
Кога се вели „планините на Алтај во боите на виножитото“ се мисли на Кизил-Чин („црвена клисура“). Поради отсуството на вегетација, овие црвени, жолти, зелени и портокалови планини личат на амбиент од некоја далечна планета.

Необичното место во планините на Алтај, каде ви се чини како да сте на Марс, се наоѓа на планинскиот масив Кизил-Чин (Кош-Агачки рееон), оддалечено околу 9 километри од селото Чаган-Узун. До него водат патокази со натпис „Марс“.

Различните бои во кои се прелеваат овие долини потекнуваат од високата содржина на метал во карпите. Манганот им дава на планините боја на јоргован, железото е црвено, а хромот ги обојува жолто. Содржат уште и пирит, калцедон, примеси на титаниум и калај.

Нијанси на боите, исто така, варираат и во зависност од осветлувањето. Најдобрите глетки се во утринските часови.

Сите планини имаат многу различни форми и не личат една на друга. На едно место има длабоки долови, на друго карпести столбови или благи падини.

Во близина тече река која се храни од водите на планински глечер. Глечерот се топи на дневното сонце и ја храни реката, а ноќе таа мирува. Сè на сè, секој пејзаж овде е нешто посебно.

Пред повеќе милиони години на ова место имало древно море, па на прошетка по „Марс“ сè уште можете да најдете камења со школки и морски алги.

До првата планина може да се стигне со теренско возило, а другите можете да ги посетите пеш. Посетителите не се чести - најчесто тоа се гости на локалните туристички центри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња