Како се појави „стаклената“ плажа во близина на Владивосток?

Патувања
RUSSIA BEYOND
На брегот на Усурискиот залив има плажа, на која наместо песок има парчиња стакло и камења кои морската вода ги измазнила, па сето тоа сјае на сонце како скапоцени камења!

Историјатот за настанокот на оваа плажа не е толку магичен како нејзиниот изглед. Порано покрај оваа плажа имало огромна депонија која мештаните ја нарекувале Мордор поради отровните гасови што се ослободувале таму. Затоа овде никој не се капеше со години. Во меѓувреме, морето испра тони скршени шишиња, стари чинии и плочки и на крајот ги исфрли на брегот во вид на сјајни и полирани камчиња.

Самите жители на Владивосток се изненадија кога видоа дека плажата не е покриена со камења или песок, туку со мазни разнобојни парчиња стакло и керамика, т.е. некогаш исфрлените стаклени и пластични предмети кои морските бранови ги обработиле убаво.

Сега капењето на оваа плажа е безбедно, има тоалети, маси и куќички за одмор.