Азовско море
Legion MediaСеверни мориња
Ова море е дел од Северниот леден океан и ги заплиснува бреговите на Русија и Норвешка. Името го добила по холандскиот морепловец Вилем Баренц во 1853 година. Меѓутоа, многу народи на Русија имаат свои имиња за него. На пример, Поморите го нарекуваат Студенец, а пред да го добие официјалното име обично го нарекувале Мурманско море (по Мурманск на неговиот брег) или едноставно Руско море.
Всушност, ова не е вистинско море, туку само акваторија на дел од Баренцовото море, што се нарекува Печорско море уште на картите од 1569 година. Меѓутоа, во 1935 година, советската влада стави точка на ова прашање: со својата одлука пропиша дека источниот дел на Баренцовото море ќе се нарекува Печорско море и никако поинаку.
Целосно спаѓа во внатрешните води на Русија и спаѓа во групата мориња на Северниот леден Океан. Белото море е едно од најмалите мориња во светот. До XVII век имало многу имиња - Студјоно (Студено), Соловецко, Северно, Спокојно или Бел залив, а во скандинавските хроники било наречено „Гандвик“, што значи „Заливот на змиите“.
Современото име доаѓа од карелискиот Valgiemeri, каде што valgie значи „бело“, а meri море. Тоа е „бело“ затоа што кога е убаво времето, кога мразот се повлекува, го рефлектира облачното небо. Затоа се чини дека и морето има таква боја.
Во целина се наоѓа на границата на Русија и, како и многу други, припаѓа на Северниот леден океан. Територијално ги заплиснува бреговите на Јакутија и Чукотка. Името му го дало Руското географско друштво во 1935 година поради неговата локација во источниот дел на Сибир, практично на крајот на континентот.
Поголемиот дел од неговиот брег се состои од мочуришта и песок, измешани со повеќегодишен мраз. Денес мразот постепено се топи и со тоа се менува линијата на брегот. Затоа крајбрежната линија на ова море на картите може да се коригира секоја година.
И тоа припаѓа на водната површина на Северниот леден океан. Се наоѓа веднаш до Баренцовото море на северот на Русија, ги дели само архипелагот Нова Земја. Некогаш се викало Њарзомско или Нарземско по холандското Noordzee - „Северно море“. Во XVIII век го сменило името во Карско, по реката Кара што се влева во него.
Се наоѓа веднаш до Карското море и претставува дел од Северниот леден океан. Лаптевското и Карското море ги делат полуостровот Тајмир и островите Северна Земја. Името го добило по руските поларни истражувачи, браќата Дмитриј и Харитон Лаптеви, а до 1935 година го носело името Норденшелд, морепловецот кој прв во историјата го поминал Северниот морски пат до Тихиот океан.
Лаптевското море е исто така најголемиот извор на арктички морски мраз во светот, при што неговата површина е практично слатководна поради големиот број многуводни реки што се влеваат во него - Лена, Хатанга, Анабар, Олењок и Јана - и многу помали водотеци.
Морето на Северниот леден океан се наоѓа помеѓу Чукотка и Алјаска. Низ неговата водена површина минува датумската граница. Името доаѓа од името на народот Чукчи, староседелците на Чукотскиот полуостров.
Јужни мориња
Се смета за најплиткото на светот. Неговата максимална длабочина е 13,5 метри, а просечната само 7 метри. Според прифатеното толкување, морето го добило името по половскиот принц Азупа (Азуфа), кој изградил тврдина на неговото крајбрежје и владеел со овој регион во XI век. Азовското море влезе во списокот на руски топоними дури во втората половина на XVIII век.
Ова море не е поврзано со Светскиот океан и се наоѓало на границата меѓу Европа и Азија. Често се нарекува езеро. Меѓутоа, Каспиското море не само што е повеќе налик на море во однос на неговата површина (помало е само 12% од Црното море), туку се смета за уникатно по својот воден состав. Во северниот дел на Каспиското море (каде што во него се влева Волга) тоа е практично слатководно, додека на југ е солено. Покрај тоа, Каспиското море е уникатен извор на природни ресурси. Во него живеат околу 80% од светската количина на риба од семејството есетри.
Името доаѓа од латинското Caspium Mare, што укажува на древното племе Каспии, кое живеело на неговите брегови во првиот милениум п.н.е.
Ова е внатрешното море на Атлантскиот океан и ги заплискува бреговите на неколку земји, вклучително и Русија. Специфичноста на ова море е целосното отсуство на живот на длабочина од над 150 метри поради големото количество водород сулфид. Една од верзиите за потеклото на името вели дека металните котви спуштени на длабочина од над 150 метри подолго време биле покриени со црна боја поради реакцијата на водород сулфидот со метал. Ова е едно од најтоплите мориња во Русија и на неговите брегови секоја година се отвора сезоната на капење.
Источни мориња
Ова море ги заплискува бреговите на Русија и САД и припаѓа на Тихиот океан. До XVIII век на мапите се означувало како Камчатско или Боброво море. Инаку, „бобр“ е називот за морската видра која живее во овие краишта, а токму ловот на ова животно заради неговото крзно бил причина за освојување на неговите брегови. Модерното име е потсетник на морепловецот Витус Беринг, кој го истражувал морето во 1725-1743 година.
Морето на Тихиот океан што ги заплиснува бреговите на Русија и Јапонија се наоѓа помеѓу полуостровот Камчатка, Курилскиот архипелаг и јапонскиот остров Хокаидо. Името го добило по реката Охота која се влева во него. Јапонците порано го нарекувале Хокаи, што значи „Северно море“, но бидејќи тоа име подоцна го презело Северното море во Атлантскиот Океан, го приспособиле руското име и сега на јапонски е Охоцуку-каи. Морето е дом на голем број видови риби кои се ловат и преработуваат, но особено интересни се камчатските краби, кои можат да достигнат големина на човек.
Ова море на истокот на Русија е дел од Охотското море. Името доаѓа од Шантарските острови што го делат од поголемиот сосед. Понекогаш се нарекува „руски Бермудски триаголник“ поради неговите необични временски услови. Имено, таму е редовна појавата на плима со брзина од 15 километри на час, што е побрзо од текот на сите реки во Русија. Покрај тоа, се случува во лето мразот да не се топи на површината, што не е карактеристично за тамошната клима.
И покрај неговото име, тоа ги заплиснува не само бреговите на Јапонија, туку и на Русија, Северна и Јужна Кореја. Негови соседи се Охотското море и Жолтото море. Се нарекува Јапонско поради јапонскиот архипелаг што го дели од северниот дел на Тихиот океан. Ова име се користи повеќе од 200 години. Единствените земји што го нарекуваат поинаку се Јужна и Северна Кореја. Во Јужна Кореја ова море се нарекува Источно, а во Северна Кореја Корејско Источно море.
Западни мориња
Од сите региони на Русија, на ова море излегува само Калининградската област. Според една верзија, името доаѓа од прускиот збор balt што значи „мочуриште“. Овој збор бил широко распространет во имињата на многу народи кои живееле на бреговите на Балтичкото море. Некои историчари тврдат дека името доаѓа од теснецот Белт во Данска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче