Петар Патрушев пред бегството
Michael Rubbo/YouTubeСакав да патувам, да учам јазици, да читам литература која ни беше забранета, сакав историја, филозофија, психологија, медицина, се занимавав со јога, хипноза и психотехники, се пробав во пишување“, вака ги опиша Патрушев мотивите на неговиот потфат во автобиографската книга „Осуден на стрелање“. „Не можев да ја прифатам безнадежноста во која сите живеевме тогаш...“
Преминувањето на добро чуваната граница по копно беше практично невозможно и Петар избра пат преку вода, особено што беше одличен пливач. Требаше да преплива растојание од 35 километри.
Шест часа пливаше кон Турција, криејќи се од светлината на советските рефлектори и за чудо избегнувајќи средба со патролен брод.
Кога се раздени, пливањето стана опасно. Излезе на брегот, се сокри меѓу карпите и го изеде чоколатцето што го понесе во пластична вреќичка и го чуваше во гаќите. Потоа малку отспа.
Вечерта го продолжи својот пат преку морето и среќно стигна до Турција. Таму беше уапсен како агент на КГБ. Помина речиси една година во затвор. По ослободувањето Петар се пресели во Австралија, каде што стана новинар и преведувач.
Во СССР беше осуден на смрт. Можеше да ја посети својата родна земја дури во 1990 година, кога пресудата беше укината. Подоцна Патрушев дури имаше можност да работи како преведувач на преговорите на австралиските премиери со Михаил Горбачов, а потоа и со Владимир Путин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче