Казан, улица „Пушкина“, 5/43
Andris Malygin (CC BY 3.0)Во 1930-тите, за време на Сталин, започна интензивна индустријализација на земјата. Некогашната претежно аграрна земја не беше подготвена да прими голем прилив на работници во градовите. На сите требаше да им се обезбеди домување. Затоа во вториот „петгодишен план“ за развој на националната економија на СССР во 1934 година, како задача е наведена неопходноста од „драстично унапредување на целиот станбен и комунален сегмент во СССР“.
Во многу градови започна масовна изградба на згради со еден или повеќе ката (до 30 и повеќе, на пример, во случајот со Сталиновите облакодери во Москва). Зградите со четири и повеќе ката задолжително имаа лифт. Ходници и холовите на зградите беа пространи, а кујните во становите големи. Становите имаа и високи тавани и долги ходници. Многу „сталинки“ беа прилагодени за заедничко живеење, каде што во секоја соба по едно семејство живееше, додека бањата и тоалетот беа заеднички.
„Сталинките“ и денес важат за елитни згради. Често беа градени на големи улици и булевари, а беа проектирани во стилот на неокласицизмот, што значи дека на фасадата имаа украсни столбови, вајарски елементи, плитки релјефи и статуи. Пред сé, такви станови добиаа високите функционери, военото и партиското раководство.
Изградбата на „сталинки“ беше прекината во 1955 година по указот на Хрушчов „за отстранување на сé што е излишно во проектирањето и градежништвото“. Новиот генерален секретар ги критикуваше архитектите за расипништвото. Сите орнаменти беа целосно исфрлени, а новиот стил би можел да се опише како „функционализам“.
„Хрушчовките“ беа масивни типски станбени згради. Наместо тули, за нивна изградба претежно се користела бетонски блокови и панели. Површината на становите беше намалена, како и висината на таванот. Во такви згради речиси и да нема лифтови. Беше важно што побрзо да се обезбеди што поголем број станови за граѓаните. Целта беше секое семејство да добие посебен стан.
Изградбата на хрушчовки траеше од 1956 година до крајот на шеесеттите години и навистина успеа да го реши станбениот проблем. Почна да се практикува изградба на цели станбени реони. Иако становите беа многу мали, многу семејства едвај чекаа да живеат одвоено, а не во заеднички станови без доволно приватност и да имаат сопствена бања.
Кон крајот на шеесеттите, кога Леонид Брежнев дојде на власт, беше јасно дека населението во градот сè уште расте. Требаше да се продолжи со забрзана изградба на станбени згради. Во исто време, луѓето се жалеа на хрушчовките, чиј квалитет беше многу лош (мала површина, тенки ѕидови, без лифт).
Така се појавија зградите од времето на Брежнев со станови со „унапредена организација на просторот“. Притоа се градеа до крајот на деведесеттите. Имаа лифтови, додека зградите со повеќе од 13 ката имаа и дополнителни товарни лифтови. Во самиот влез на зградата често имаше и одвод за отпад. Становите имаа попространи кујни, како и ходници. Во „хрушчовките“ собите обично беа проодни, додека новите станови имаа изолирани соби.
Денес „брежневките“ сочинуваат голем дел од старата градба што може да се најде во продажба. Притоа се наоѓаат и на периферијата на градовите, и во централните реони. Зградите од таа ера беа градени врз основа на десетина типски проекти. Тоа се и солитери (11-15 ката со еден влез), но и долги згради со 13 влеза. Се правеа од тула, бетонски блокови и панели и беа со најразлични и конструкции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче