Овој шестособен стан со оригинален ентериер се наоѓа во куќата на трговецот Половинкин во една од најелитните улици во градот, Пречистенка. До него се наоѓаат храмот „Христос Спасител“, Државниот музеј за убави уметности „Пушкин“, како и бројни ресторани и театри.
Станот е распослан на повеќе ката. На четвртиот кат се наоѓа главната спална соба со камин и бања, гардероба, работен кабинет, детска спална соба и уште неколку простории. На петтиот кат има голема дневна соба со стаклена купола и лулашка, шанк со камин на дрва, излез на балкон и помошни простории. На шестиот кат има три спални соби, амам, соба за масажа и перална. Тука е и излезот на отворената тераса со поглед на историскиот центар на градот.
Станот е опремен со комбинација на модерен и антикварен мебел. Многу предмети на ентериерот се направени по нарачка од природни материјали од сите страни на светот.
Куќата е со ограден двор, паркинг, игралиште за деца и обезбедување.
Површина: 650 м²
Адреса: ул. Пречистенка, д. 27
Овој светол стан се наоѓа на првиот кат на куќа во станбениот комплекс „Бутиковска уличка“ бр. 5. Во непосредна близина се наоѓаат паркот „Горки“, Нескучни Сад и Музеон.
Станот има панорамски прозорци. Можноста за влез во внатрешниот двор е едно од ретките задоволства во мегалополисот.
Во уредувањето на ентериерот се користени природен мермер, висококвалитетни видови дрво, дизајнерски решенија за ентериерот од метал и стакло. Станот е со високи тавани (3,4 метри) и вграден камин.
Се состои од дневен престој со најсовремено домашно кино и озвучување, трпезарија, голема кујна, три спални соби, една гостинска спална соба, простор за перење и сушење облека и дел за гардероба.
Во подземниот дел на станбениот комплекс има гаражи и базен.
Површина 350 м², градина: 278 м²
Адреса: Бутиковский пер., д. 5
Пентхаусот на три нивоа се наоѓа во советскиот солитер-хотел „Украина“, изграден во периодот помеѓу 1953 и 1957 година. Вакви Сталинови солитери во Москва има само седум.
Становите се луксузно опремени во Арт Деко стил со обилна употреба на италијански мермер и природно дрво.
Првото ниво на пентхаусот има простран ходник, гардероба, голема дневна со камин, кујна со трпезарија, спална соба со бања и гардероба. Тука е и гостинската спална соба и голем отворен балкон со платформа за набљудување од која се протега поглед на реката Москва и на деловниот центар Москва Сити.
На второто ниво има кујна со дневна соба, бања и простор за складирање, перење и сушење алишта. На третиот кат е работна соба со прозорци од подот до плафонот и излез на тераса.
Лете можете да излезете на кејот на реката Москва и да се повозите со брод низ градот.
Површина: 507,8 м²
Адреса: Кутузовский пр-т, д. 2/1
Ова е стан за оние кои отсекогаш сонувале да живеат во непосредна близина на Црвениот плоштад. Подобра локација не може да се замисли. Четворособниот апартман се наоѓа во хотелот Four Seasons Hotel Moscow, каде претходно беше хотелот „Москва“.
Црвениот плоштад со храмот „Св. Василиј Блажени“, Историскиот музеј и Александровскиот сад се на дофат. А театарот Болшој со зеленото паркче и фонтаната наскоро стануваат вообичаена глетка од прозорецот.
Внатрешноста на апартманите е уредена во минималистички стил. Дневната соба е заедно со кујната, а тука се и три спални соби, работна соба, неколку гардероби и помошни простории. Станот има и излез на сопствена тераса.
Површина: 227 м²
Адреса: ул. Охотный ряд, д. 2
Овој пентхаус е распослан на три ката (триесет и осми, триесет и деветти и четириесетти) на зградата на улицата „Мосфилмовска“. Во близина е едно од најголемите филмски студија во земјата „Мосфилм“. Секој што сака може за час да отиде до музејот на познатото филмско студио.
Во станот има два видиковци на кружната панорамска тераса, од кои едниот се наоѓа на висина од 750 метри и гледа на сите четири страни на светот. Одовде се пружа поглед на Московскиот државен универзитет, Кремљ, Храмот „Христос Спасител“, Новодевичкиот манастир, со други зборови на цела Москва.
Терасата е опремена со зона за скара со трпезариска маса. Има и телескоп за набљудување на ѕвездите ноќе.
Станот го красат и камин, бел клавир и прозорец на таванот на последниот кат. Сè што ви треба за пријатен одмор.
А ако набљудувањето на небото со класична музика не ве исполнува доволно, станот има и сауна за шест лица и соба за билјард.
Површина: 500 м²
Адреса: ул. Мосфильмовская, д. 70
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче