Аналитичката агенција Numbeo состави рејтинг на европските градови по квалитет на живот. Нижни Новгород, руски град со над 1,2 милиони жители, се најде на 40-то место од вкупно 72 градови на листата. На таа позиција ги претекна не само главните градови на Велика Британија, Франција и Италија, туку дури и Москва (која е на 59 место), Санкт Петербург (64), Екатеринбург (71) и Новосибирск (72).
Нижни Новгород е град на реката Волга со долга историја, познат по камениот Кремљ и старите трговски куќи. Денес тоа е и голем индустриски центар на Русија. Во него е сместена фабриката за автомобили „Горки“ (ГАЗ).
При составувањето на ранг-листата аналитичарите ги зедоа предвид безбедноста, нивото на здравствена заштита, односот на вредноста на недвижностите и приходите, сообраќајниот метеж, климата и други параметри.
Numbeo е најголемата на светот база на податоци за трошоците за живот и квалитетот на животот со седиште во Белград (Србија).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче