Историјата на Екатеринбург започнува со железарницата во центарот на градот, која работела до 1808 година. До крајот на XIX век во градот, меѓу другото, се ковале најголем дел од металните пари на Руската империја. Денеска на местото на старите работилници се наоѓа Историскиот плоштад со неколку музеи.
Во советско време Екатеринбург се викал Свердловск (од 1924 до 1991 година) по револуционерот Јаков Свердлов и тогаш станал голем индустриски центар.
За време на Втората светска војна тука се произведуваше легендарниот тенк Т-34, а подоцна беа правени и рударски багери и парни хидраулични преси.
Екатеринбург, северниот дел на градот, 1909.
С. М. Прокудин-Горски/Public DomainЕкатеринбург и денес е град на тешката машинска индустрија.
Поглед на Екатеринбург од куќата на началникот на Рударскиот округ, 1909.
С. М. Прокудин-Горски/Public DomainСвој архитектонски изглед градот го должи на зградите изградени во стилот на советскиот конструктивизам. Во 1991 година овде започна да работи единственото метро на Урал.
Тоа го поврзува реонот на фабриката „Уралмаш“ со историскиот центар на градот и периферијата. Инаку, покрај модерните картички, во него важат и старите метални жетони на Московското метро.
Затоа, ако ги најдете некаде меѓу заборавените работи, имајте на ум дека во Екатеринбург можат да ви бидат од полза.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче