Во една рака натпреварувачот зема коска на крупно говедо и ја крши со силен удар на другата рака. Тоа воопшто не е лесна задача, бидејќи коската е прилично цврста и лизгава.
Професионалните кршачи на коски се стекнуваат со голема почит! Во старо време тоа бил начинот кој Бурјатите користеле да си ги одмерат силите.
А постои и ритуално значење на овој обичај: при кршењето на коските се ослободува душата на животното.
Современите спортисти во знак на почитување на традицијата можат да настапуваат само во народна носија. Таа се состои од долга ориентална наметка со широк појас, традиционална капа и високи чизми. Носењето ракавици е забрането.
Натпреварите во кршење коски се одржуваат и одделно и како дел од спортски фестивали (на пример, Сурхарбан во Бурјатија или Ердинските игри во Иркутската област). Секој може да стане кршач на коски, без разлика на возраста и полот.
Дознајте зошто Бурјатите скокаат држејќи се за раце и пеат „јохор“?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче