- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Вилијам Брумфилд
На почетокот на 20 век рускиот хемичар и фотограф Сергеј Прокудин-Горски осмислил комплексен процес на фотографирање во боја кој дава исклучително живописни фотографии со мноштво детали. Сакајќи новиот метод да го употреби за да ја овековечи разновидноста на Руската Империја, во периодот од 1903 до 1916 година фотографирал бројни историски локации ширум земјата.
Неговиот проект го поддржало Министерството за сообраќај кое му овозможило да патува по руските железнички пруги и реки, вклучувајќи ја и Волга. Од многуте историски градови по должината на Волга, Прокудин-Горски особено значење ѝ дал на Кострома, која ја посетил во 1910 и во 1911 година.
Почетоци
Кострома и Јарослављ биле ривалски градови на реката Волга, кои меѓусебно се споредувале по убавините на црквите и по значењето во руската историја. Иако постојат малку историски докази, Кострома веројатно набргу по 1150 година ја освоил Јуриј Долгоруки, владетелот на надмоќното Владимирско кнежевство, исто така познат како основач на Москва (1147 година). Најраното пишано споменување на Кострома потекнува од 1213 година, кога населбата – во целост направена од дрво – ја запалил кнезот Константин за време на судирот со братот Јуриј за териториите.
Вилијам Брумфилд
За време на монголската инвазија на централна Русија Кострома била разурната во 1238 година. Во втората половина на 13 век Костромското кнежевство важело како важен политички центар, но пред 1364 година станала дел од Московската држава.
Вилијам Брумфилд
Областа околу Кострома била позната по манастирите како што е Ипатиевскиот манастир, кој се нашол во фокусот на Прокудин-Горски. Ипатиевскиот манастир денес е вратен во првобитна функција и е отворен за посетителите.
Веднаш зад јужните ѕидови на манастирот се наоѓа еден од најраните музеи на дрвената архитектура под отворено небо во Русија под назив „Костромска слобода“ (Костромско старинско село). Овој музеј-парк е основан во 1960 година првобитно со цел да се зачуваат дрвените споменици во селата загрозени поради зголемувањето на нивото на водата во реката Волга по изградбата на Новогородската хидроелектрана и по формирањето на Горовското вештачко езеро.
Вилијам Брумфилд
Костромско старинско село
Впечатлива карактеристика на Костромското старинско село е големиот број селски цркви изградени од борови трупци.
Вилијам Брумфилд
По посебната убавина и елеганција се истакнува црквата на Семилостивиот Спас од село Фоминско (Костромска област).
Таа дава особено поетичен впечаток во идиличното опкружување на брегот на малиот рибник во кој се огледува нејзината источна страна. Потекнува од 1712 година, а во паркот е пренесена во 1968 година. Се карактеризира со традиционален изглед од апсида (со олтарот) на исток, па до централниот наос, а потоа со камбанаријата. На западната страна се воздигнува декоративен трем со изрезбани елементи.
Над централниот простор на црквата на Семилостивиот Спас се наоѓа висок шилест покрив со една купола, иако ентериерот има спуштен плафон за зачувување на топлината во текот на долгата зима. За среќа, иконостасот на исток е зачуван во речиси неоштетена состојба.
Вилијам Брумфилд
Посебен пример на овој триделен дизајн е Преображенската црква од селото Спас-Вјожи (Костромска област), изградена во 1628 година, а пренесена во паркот во 1956 година. Имав среќа да ја фотографирам за време на моето прво патување во Кострома во 1988 година зашто во 2002 година изгоре, што беше една од најтешките загуби за руското архитектонско наследство.
Преображенска црква
Вилијам Брумфилд
Преображенската црква беше специфична по тоа што се наоѓаше на издигната на столбови од трупци (кои на почетокот на 20 век беа заменети со столбови од тула). Овој необичен дизајн имаше за цел да ја заштити од водата за време на топењето на снеговите и на пролетните поплави.
Најстариот дрвен храм во Костромскиот парк е цркавата на Соборот на Пресвета Богородица изграден во селото Холм (кај градот Галич) најверојатно во 1552 година. Доколку оваа проценка е точна, станува збор за најстарата зачувана дрвена црква од централна Русија.
Исто така станува збор за една од најсложените со издигнат затворен трем на трупци со кои од трите страни е опфатена градбата. Дополнителна потпора даваат столбовите од тула, кои оригинално веројатно исто така биле направени од дрво.
Централниот дел на оваа извонредна градба е составена од два осумаголника еден над друг во неправилни димензии.
Така се постигнува поголема стабилност на критичните делови од конструкцијата која ги држи петте куполи на врвот од црквата.
Вилијам Брумфилд
Визуелен ефект на овие нивоа создава елегантната силуета на градбата која дава впечаток како да е подигната на пиедестал.
Црквата на пророкот Илија
Вилијам Брумфилд
Четвртата црква од трупци во Костромскиот музеј има поедноставен дизајн, но е импресивна на свој начин. Црквата на пророкот Илија првобитно е подигната во селото Верхни Брезовец. Со оглед на едноставниот традиционален дизајн и непостоењето документација, стручњаците сметаат дека е изградена некаде во периодот од XVI до XIX век.
Вилијам Брумфилд
Црквата е особено препознатлива по ентериерот кој е исклучително добро зачуван. Изрезбаниот иконостас е изработен во провинцијален барокен стил од 18 век. Зачувани се и некои од оригиналните икони од различни периоди.
Особено е интересно насликан таванот со приказ на Христовото страдање. Во средината е прикажан Христос Пантократор. Зачуваноста на сликата на таванот може да се спореди со чудо.
Вилијам Брумфилд
Ризница на дрвената архитектура
Покрај црковната архитектура, музејот содржи и бројни дрвени куќи (познатите руски изби) од наједноставни до импозантни и според обликот и според големината. Меѓу нив се издвојува „куќата-тврдина“ на Липатов, првобитно подигната во 1857 година во селото Кобилино.
Вилијам Брумфилд
Тука е и малку помалата куќа на Андријан Серов од селото Митишчи, изградена во 1873 година. Липатов и Серов се збогатиле од сеча на дрва и двајцата го ангажирале истиот мајстор, Емељан Степанов Зиринов, за да ги изгради и да ги украси нивните домови.
Вилијам Брумфилд
Овие куќи со извонредни орнаменти на челото гордо сведочат за претприемачкиот дух на нивните сопственици.
Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд
Недалеку од нив се наоѓаат и две куќи на семејства староверци од 19 век. Куќата на Тарасов, изградена во Мухино, е всушност конструкција од две поврзани куќи под еден покрив. Во ваквите куќи шталата се наоѓала на задните страни, под ист покрив за подобра заштита назима.
Вилијам Брумфилд
Вилијам Брумфилд
Наједоноставен пример на „изба“ е куќата на Чапигина (Велико Адрејково село) којашто самиот ја фотографирав во 1988 година пред да биде делумно реставрирана.
Вилијам Брумфилд
Без оглед на димензиите, овие и други куќи на територијата на „Костромска слобода“ ни ја пренесуваат суштината на селската култура која со векови била носител на рускиот идентитет.
Вилијам Брумфилд
- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа