Каде на патување по Русија со ретро воз?

Патувања
АНА СОРОКИНА
Ќе ви помогнеме да изберете рута за патување по Русија. Ова се најубавите руски ретро возови!

1. „Рускеала експрес“, Сортавала-Рускеала

До познатиот планински парк Рускеала може да се стигне со луксузен ретро воз. Вагоните се стилизирани во манир на крајот на XIX век, а парната локомотива ЭР, модел од 1949 година, е автентична.

„Рускеала експрес“ сообраќа секојдневно меѓу градот Сортавала и паркот.

2. „Селигер“, Бологое-Осташков

Секоја сабота и недела, од станицата Бологое (175 км од Твер) вози приградски воз влечен од парна локомотива од серијата Л (крајот на 1940-тите). Возачот и персоналот носат униформи од тоа време и продаваат билети кои се верна копија на автентичните. На враќање возот застанува 25 минути на старата станица и музејот Куженкино.

3. Кружната бајкалска пруга

Постојат многу начини да се стигне до најдлабокото езеро на светот, но можеби најромантичниот е со возот за разгледување знаменитости со парна локомотива од 1940-тите. Поаѓа наутро од железничката станица во Иркутск и патува по Кружната бајкалска пруга со неколку застанувања.

4. „Три доба“, Јарослављ-Рибинск

Во сабота од Москва оди ретро воз до древните градови на Златниот прстен, Јарослављ и Рибинск. Рибинск е град во кој сите фирми на продавниците во центарот се дизајнирани по углед на периодот пред Револуцијата. Возовите поаѓаат кога ќе се собере група од 40 луѓе.

5. „Урал експрес“, Екатеринбург - Верхњаја Пишма

На ова патување можете да се запознаете со уникатниот музеј на воена и цивилна техника во предградието на Екатеринбург. Еден од најголемите во светот! За да биде патувањето попријатно, во вагон-ресторанот на патниците им се служат уралски шанги, пељмени и пити.