- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Иако на Кремљ и на храмот „Свети Василиј Блажени“ навистина не им се потребни никакви дополнителни бои, сепак на овој начин изгледа поубаво.
Среќните московјани ги оставија јакните полнети со пердуви и се фотографираат на позадината од расцутената вегетација во сите градски паркови.
Деновиве е исклучително убаво во Ботаничката градина на Московскиот државен универзитет, каде што процутеа многу ретки видови растенија, вклучително и гроздестиот зумбул кој привлече бумбар.
Процвета и северниот Санкт Петербург. Мештаните се радуваат на преубавите бои на јапонската цреша која претставува вистинско освежување по сивата зима без сонце.
А на југ јапонската цреша почна да цвета уште во март! Ова е фотографија од Грозни, главниот град на Чеченската Република. Декоративните дрвја го прават ансамблот на главната знаменитост на градот, џамијата „Срцето на Чеченија“, уште поубав.
Јапонската цреша цвета и во Сочи.
А на Крим има цел фестивал посветен на цутот на јапонската цреша.
Покрај тоа, на Крим се одржа и вистинска Парада на лалиња.
Еве колку импресивно изгледа цветот на лалето од овој агол.
На црноморскиот брег е забележливо изобилството од расцутена вегетација и раскошот на боите. Меѓу нив е и Големата саса, меѓу народот позната и како велигденски цвет.
А како ви се допаѓа декоративната слива нигра во паркот на Краснодар?
Во Приморскиот крај важи правилото дека кога ќе процвета рододендронот значи дека пролетта пристигнала!