- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Максим Мишин/Прес-служба на градоначалникот и владата на Москва
Јужниот речен пристан првично првично се наоѓал кај Даниловскиот мостот. Тоа било дрвена зграда изградена во триесеттите години на ХХ век. Оттаму можело да се оди на крстарење по Ока, Волга и Кама. Во 1972 година, зградата на Јужното речно пристаниште беше отстранета и, поради реконструкција на реонот, беше отворено привремено пловечко пристаниште на кејот Нагатински. Во тоа време тука минуваше рутата до Нижни Новгород и Рјазан.
Максим Мишин/Прес-служба на градоначалникот и владата на Москва
Максим Мишин/Прес-служба на градоначалникот и владата на Москва
Сегашното Јужно речно пристаниште се наоѓа недалеку од метро-станицата „Технопарк“. Вистина, беше во функција многу кратко време. Во 1990-тите, по распадот на СССР, речниот транспорт се најде во криза и практично беше запрен. А зградата беше претворена во пазар за детски производи и автомобили.
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Реставрацијата на Јужното речно пристаниште почна дури во 2021 година и траеше 2 години. Покрај чекалните, тука денес има изложбен простор на Музејот на сообраќајот на градот, видиковец и зона за одмор на покривот.
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Тргнувањето на првиот брод на крстарење се очекува на 5 мај. Од ова пристаниште ќе тргнуваат крстарења до 30 руски градови: Нижни Новгород, Јарослав, Кострома, Коломна, Твер, Казан. Покрај тоа, тука ќе има и станица за бродовите кои сообраќаат во границите на град Москва.
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Агенција „Москва“
Во 2020 година во Москва беше отворено реконструираното Северно речна пристаниште изградена во 1937 година во стилот на „сталинскиот ампир“.