- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Абрау-Дјурсо: најдоброто пенливо вино
Винаријата покрај езерото Абрау е основана за време на царот Александра Втори, ја има поминато и германската окупација и голем експлозија, а во наше време стана вистински вински и туристички центар,
Првата партија пенливо вино е направена во 1898 година во винаријата на падините на Навагирскиот масив во близина на Црно море. Подоцна асортиманот бил проширен, па меѓу другото се појавиле и мирни вина, а исто така и безалкохолни и жестоки алкохолни пијалаци.
Во винаријата Абрау-Дјурсо можете да се запознаете со историјатот на погонот и со процесот на производство на вино, а можете и да го дегустирате. Покрај тоа, на располагање имате и необични екскурзии. На една од нив туристите се упатуваат во определени тајни на Абрау-Дјурсо. На програмата има и прошетка низ слабоосветлените тунели на винаријата, „запознавање“ со локалните нешта, проверка на „пијаните скали“ и легендата за несреќата на черската убавица чии солзи засекогаш течат во вид на млаз што се слива низ карпата.
Среде лозјето „Абрау-Дјурсо“, а тоа се простира на цели 3.300 хектари, се наоѓаат два видиковци од кои има поглед на лозјата и на Црно Море и на смаргдното езеро Абрау. Тука луѓето доаѓаат да уживаат во неверојатно убавите зајдисонца со чаша пенливо вино.
„Абрау-Дјурсо“ е летувалиште со едриличарски клуб, плажа, хотели и простор за кампување. Тука има туристички камп за летување во шатор, автокамп со куќички во шума и автокамп на „Тркалезното езеро“ за туристите со кампприколки.
Краснодарски крај, град Новоросијск, населено место Абрау-Дјурсо, ул. Промишленаја 19.
2. Јужна винска компанија: бањање во вино
На јужниот брег на Таманскиот полуостров, меѓу два лимани (Кизилташкиот и Цокурскиот), се протираат лозјата на Јужна винска компанија (дел од концернот „Очаково“).
Лозјето зазема 1.500 хектари. Тука се одгледуваат европски сорти горзје, како и автохтони сорти „цимаљанско црно“, „Северни Саперави“и Citron Magaracha.
Туристите доаѓаат на ова место на екскурзија низ винаријата и низ лозјата, и на дегустација на вина во павилјонот со поглед на мазната површина на водите во лиманите. Во сезоната на берба на грозјето тука можете да газите грозје со нозе во дрвена каца и да се бањате во вино. Хидромасажната када се полни со вода која содржи вино и екстракт од плодови и листови од гозје, миризливи масла и цвеќе. Уживајте во виното со секое делче од своето битие!
Краснодарски крај, населено место Вишестеблијевска, ул. Застаничнаја 4а
3. Карпест брег: вино и ѕвезди
Современата винарија „Карпест брег“ идеално се вклопува во тукашниот пејзаж. Според обликот потсетува на светлосиво камче. Во долниот дел на винаријата, во самата карпа на Семисамскиот гребен, се наоѓаат производните погони, а во горниот се салата за дегустација и винотеката. Од панорамската тераса се отвора поглед на лозјата и на морскиот брег.
Првите лозја тука се појавија во 2011 година. Засадени се лози од три бели сорти: „ризлинг“, „совињон бланк“ и „шардоне“ и пет црни: „пино ноар“, „мерло“, „каберне совињон“, „каберне фран“ и „красностоп“.
Лозјата се наоѓаат на карпест брег, на 150-250 метри надморска височина. Покрај нив се реликтните четинарски шуми и шуми со клека и пистации.
Вреди да се обрне внимание на екскурзијата „Вино и ѕвезди“ којашто се организира тука. Тоа е романтичен состанок и воедно научно предавање. Кога времето е убаво и нема облаци, од видиковецот на винаријата можете да го гледате небото низ современ телескоп и да ги видите кратерите на Месечина, маглата и ѕвездените јата на северната хемисфера.
Краснодарски крај, град Анапа, населено место Варваровка
4. Имотот „Сикори“: вечера со вино
Во семејната винарија на Александар Сикорски во долината Семигорје се прави еден од најдобрите ризлинзи во Русија. Лозјето се простира на 47 хектари, и тоа се: „бордо бленд“, Бургундец сорти грозје, „ризлинг“ и „красностоп“.
Екскурзијата по имотот „Сикори“ опфаќа прошетка низ живописните лозја, упатување во тајните на правење вино и дегустација на тукашните производи. Во винскиот подрум за одлежување вино треба да се обрне внимание на бетонските сфери какви што не постојат на ниту едно друго место во Русија. Поради обликот и дејството на надворешната температура сферичните конструкции помагаат процесот на мешањето талог да се одвива по природен пат.
Исто така вреди да се оди на еногастрономска вечера во дворската куќичка со ската и да се мине вечерта среде лозјето. На вечерата со јадењата според препорака на главниот готвач се служат и идеално избрани вина.
Краснодарски крај, град Новоросијск, населено место Семигорски, 24 километар од патот Новоросијск – Керч
5. Мисхако: модерна винарија со историјат
Каберне „Мисхако“ уште кон крајот на 19 и на почетокот на 20 век е третирано како едно од најдобрите црни вина во Руската Империја. Првата лоза е засадена во 1869 година. Во советско време винаријата „Мисхако“ била омилено место за одмор во круговите на партиската елита, а на почетокот на веков таа стана официјален снабдувач на Кремљ.
Меѓутоа, во 2013 година претпријатието се соочи со финансиски проблеми, за во 2021 година да биде обновено и значително модернизирано, а во 2022 година тука се засадени 14 хектари ново грозје од сортите „шардоне“ и „марселан“. „Мисхако“ има вкупно 227 хектари лозови насади.
Покрај екскурзиите низ лозјата и погоните, гостите тука се повикуваат во историската сала за дегустација која е отворена уште во 1973 година по повод доаѓањето на Леонид Брежњев во Новоросијск.
Долго време тука се примале само делегации на претставниците на власта и познати личности. Сега во оваа сала на дегустација може да дојде секој што ќе посака.
Краснодарски крај, град Новоросијск, населено место Мисхако, ул. Централна 1.
За екскурзија треба однапред да се пријавите.