Ростов Велики
Legion MediaКремљот во Велики Новгород
Legion MediaДенес Велики Новгород е прилично мал град на брегот на реката Волхов, 552 км северозападно од Москва со население од нешто повеќе од 224.000 луѓе. Меѓутоа, некогаш тоа била престолнината на моќната Новгородска Република, која во екот на својата моќ се протегала од Балтичкото Море до Урал.
Основан во 930 година, Новгород е еден од најстарите градови во Русија. Таму се наоѓа најстариот зачуван православен храм во земјата – соборниот храм „Св.Софија“ (изградена пред 1050 година).
Велики Новгород неколку векови бил најголемиот трговски центар во Стара Русија со силни економски врски во западна и северна Европа. Во 1478 година републиката била освоена од Московското кнежевство во неговото проширување, што го означило крајот на процутот на овој град.
Новгород го загубил атрибутот „Велики“ во своето име, кој официјално му беше вратен дури во 1999 година. Денес оваа одредница помага да се разликува градот од неговиот истоименик - Нижни Новгород на реката Волга.
Кремљот во Ростов Велики
Legion MediaЗа разлика од Новгород, Ростов одамна го изгубил својата политичка важност. Се наоѓа 186 километри североисточно од Москва, на брегот на езерото Неро и е дом на само 30.000 луѓе.
Во Средниот век Ростов бил престолнина на истоименото кнежевство и важен верски центар на стара Русија. Ростовското свештенство го задржало своето богатство и влијание во земјата дури и откако кнежевството било припоено на Москва во 1474 година.
Официјално градот се вика Ростов, но луѓето често го нарекуваат со неговото историско име Велики, за да го разликуваат од огромниот јужен мегалополис Ростов на Дон со еден милион население, кој неофицијално е познат како јужната престолнина на Русија.
Велики Устјуг
Legion MediaКако и Ростов, Велики Устјуг (930 километри североисточно од Москва) денес има нешто повеќе од 30.000 жители. Иако градот некое време бил престолнина на мало кнежевство, тој никогаш не играл значајна улога во историјата на Стара Русија.
Во XVI век, како дел од Московската држава, Устјуг прераснал во важен трговски центар. Поради значителните приходи што градот почнал да ги носи во државната каса, царот Иван IV Грозни наредил на неговото име да се додаде „Велики“.
Денес секое дете во Русија знае за овој град. Од 1999 година Велики Устјуг официјално се смета за дом на Дедо Мраз.
Великие Луки
Михаил Митрофанов (CC BY-SA 3.0)Имаше многу спорови меѓу истражувачите за потеклото на необичното име на овој мал град во Псковската на границата со Белорусија. Според една од најсигурните верзии, градот Великие Луки е така наречен поради големите свиоци на реката Ловат на чии брегови се наоѓа.
За разлика од другите „велики“ градови, Великие Луки никогаш не бил престолнина на кнежевство (или република). Неговата задача била да ги штити Новгородските земји од нападите на Литванците и германските крстоносци од Балтикот.
Градот продолжил да игра важна одбранбена улога за време на Втората светска војна. Повеќе од еден месец во пролетта 1941 година, тој успешно ги држеше позициите против надмоќните германски сили. Во 2008 година Великие Луки ја доби почесната титула „Град на воената слава“ за храброста, издржливоста и херојството на неговите бранители.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче