1.
Поради температурната разлика помеѓу денот и ноќта, Москва и другите региони на крајот на септември 2022 година ги зафати густа магла. Видливоста на патиштата беше многу слаба, но во текот на денот состојбата малку се подобри.
2.
Магливата Коломна, стар руски град во Московската област.
3.
Во сибирскиот мегаполис Новосибирск, септемвриската магла беше толку густа што жителите при врвот на повеќекатниците се чувствуваа како да се во облаци. А вака изгледаше станбената населба одоздола.
4.
Маглата во планините е многу привлечна, особено ако треба да ја пронајдете својата патека во неа. Оваа фотографија е направена во близина на Сочи, туристички град во Краснодарскиот крај.
5.
Жичарница во магловита шума, Есто-Садок, Русија.
Cavan Images/Getty ImagesУште една територија од Краснодарскиот крај. Жичарница во шума под магла, Естосадок.
6.
А вака изгледа жичарница на падината на Елбрус во Кабардино-Балкарија.
7.
Туристи во планинска магла, Дагестан, Северен Кавказ.
8.
Магловитите планински пејзажи на Адигеја.
9.
Одиме на другиот крај на земјата. Вака изгледа Владивосток во магла. Се гледаат врвовите на пилоните на Златниот мост.
10.
Урнатини на стар видиковец на островот Асколд во Источното море. Во магла Приморјето се претвора во пејзаж полн со мистика!
11.
Утринска магла во Благовешченск, Амурска област. Овој руски град се граничи со кинескиот Хејхеј, кој е на другиот брег на реката Амур (овде прочитајте подетално за тоа).
12.
Ноќна магла во Петропавловск-Камчатски, главниот град на Камчатка.
13.
Сега одиме на север. Карелија ги привлекува туристите со многубројните езера и шуми. А еве како тоа подрачје изгледа кога ќе се спушти магла.
14.
Село во магла, Вологодска област.
15.
Вака изгледа едно од најпознатите современи зданија во Санкт Петербург кога наоколу ќе се спишти магла.
16.
Магловито рурално подрачје во Владимирската област.
17.
Магла падна и врз Суздаљ, еден од најпосетуваните градови на Златниот прстен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче