Патниците на сите линии на Московското метро од денес превозот можат да го платат „со лицето“

Global Look Press
Москва стана првиот град во светот во кој бесконтактната услуга за плаќање на возење „со лице“ се користи во голем обем.

На сите линии на Московското метро возењето со подземната железница на главниот град ќе може да се плати со користење на технологијата за препознавање на лице Face Pay. Тоа значи дека таквата можност е воведена на последните пет линии на метрото на главниот град, пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на Максим Ликсутов, заменик-градоначалник на Москва за сообраќај.

На тој начин, како што истакна тој, Москва стана првиот град во светот во кој бесконтактната услуга за плаќање на возење „со лице“ се користи во толку голем обем. Ликсутов додаде дека денеска започна финалната фаза на тестирање на системот по чие завршување иновативниот сервис ќе им биде достапен на сите патници на метрото, што ќе се случи на 15 октомври. Се испитуваат и можностите за користење на надземното метро и надземниот сообраќај.

Инаку, на 13 септември на уште пет линии на московското метро почна да фунционира плаќање на превозот „со лице“. А пробниот систем на овој начин на користење на подземната железница кој функционира паралелно со сите други беше воведен во руската престолнина во јули.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња