- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Владимир Родионов / Sputnik
Есента се смета за најромантичната годишна доба. Таа ги инспирираше најголемите руски поети како Александар Пушкин и Сергеј Есенин, кои сметаа дека нејзината „проштална убавина“ го радува окото.
Руските уметници го сакаа и екстравагантниот есенски колорит, како и специфичната атмосфера и осветлувањето.
Владимир Родионов / Sputnik
На 1 септември, кој се смета за прв есенски ден во Русија, се слави Денот на знаењето, кога сите деца се враќаат на училиште по летниот распуст.
Најпопуларниот атрибут што ја опишува руската есен е „златна“. Затоа што... таа во Русија е навистина целата во злато!
Во сите годишни времиња Русија има многу специфични временски услови. За есента се карактеристични дрвјата во црвени и жолти нијанси, теписите од паднати лисја и прошетките на дожд. Иако септември може сè уште да биде топол и зелен, во октомври пристигнува вистинската есен.
Време е за шарени комбинации на облека кои се вклопуваат во амбиентот и треба да ја избркаат тивката есенска тага предизвикана од крајот на летото, студеното и мрачно небо и претчувството за долгата зима што доаѓа.
Кога надвор е сончево, луѓето излегуваат на долги прошетки.
Родителите со трепет го дочекуваат првото студенило, додека топло облечените деца уживаат во забавите на отворено.
Дрвјата кои ги добиваат најубавите нијанси на црвена, портокалова и жолта во Русија се брезите и јаворите.
Раната есен е секогаш забавно време за играње во паднатите лисја и собирање на најубавите примероци во букети. Луѓето ги сушат меѓу страниците на книгите, каде што ги наоѓаат години подоцна, убаво пресувани, тенки и целосно суви.
Но, не е лесно да се исчисти целото тоа лисје. Од советско време Русите се навикнати да ги собираат сите паднати лисја за да не ги затрупува улиците, особено напролет, кога снегот се топи и сè се покрива со тој леплив, каллив компост.
Наесен сè се менува и станува сосема поинаку - и Бајкалското езеро...
А. Волков / Sputnik
…и живописните брегови на Волга...
Юрий Сомов / Sputnik
…и кавкаските планини...
Алексей Бабушкин / Sputnik
…и поранешната царска резиденција во Царско Село кај Санкт Петербург.
Освен тоа, есента е време за берба на печурки.
Б. Попов / Sputnik
Наесен навистина има многу печурки и Русите ги собираат со страст...
Семјон Мајстерман / TASS
…како и есенското овошје (макар што подоцна си немаат поим што да прават со толку многу јаболка!)
Николай Добровольский / Sputnik
Многумина уживаат и во сезоната на ловот.
Дури и советските лидери сакаа да одат на лов. На оваа фотографија можете да го видите Леонид Брежнев.
Есента во СССР беше во црвено не само поради лисјата на дрвјата, туку и поради големиот советски празник, прославата на годишнината од револуцијата. Големата парада со транспаренти и црвени знамиња се одржуваше секоја година на 7 ноември.