- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Игор Шпиленок е еден од најпознатите фотографи на дивината во светот. Речиси целиот свој живот го поминал во шума. Уште во 1980-тите, кога немал ни 30 години, го основал резерватот „Брјанска шума“ и тогаш се заинтересирал за фотографирање животни. Неодамна со читателите ги сподели искуствата со лисиците, а сега ги воодушеви своите поклоници со приказна за мечките.
Мрачна шумска душа
Игор Шпиленок
На прв поглед се чини дека мечките не се толку чувствителни како другите животни. Тоа не се ниту манули (Паласови мачки) со нивниот незадоволен поглед, ниту лукави лисици кои само бараат да му украдат нешто на човека. „Мечката е мрачна шумска душа“, го цитира Игор Шпиленок советскиот писател Николај Слатков. „Тие немаат развиени мускули на муцката и не можат да изразат задоволство како кучињата. Кога човек ќе ѝ пријде на мечка, не треба да внимава на муцката, туку на ушите и на позата, бидејќи тука се забележуваат разликите. На пример, поза на покорност се зазема приоѓа доминантна единка. Сите помали единки тогаш изразуваат покорност. Слично се однесува кучето кога сопственикот го кара“.
Игор Шпиленок
Хиерархијата на мечките е многу сурова - речиси сè зависи од големината, вели фотографот. „Човекот не може да изненади мечка со своите димензии, но понекогаш може да го измами“.
Игор Шпиленок
„Кога работам со мечки, секогаш носам широка јакна и елек за спасување одоздола. Понекогаш ставам завиткана подлога за кампување во празен ранец. Сите мечки во оваа област бегаат мислејќи дека тоа е некаков израсток. Воопшто не им паѓа на памет да проверат дали е вистински“.
Игор Шпиленок
„Самоувереноста исто така значи многу. Таа оди кон тебе и гледа дали ќе се повлечеш или не. Во дивината, поситното животно се повлекува пред покрупното, но може да покаже и дрскост и да покаже некои неочекувани трикови. На пример, да ги фати краевите на откопчана јакна и нагло да ги рашири, а со тоа нагло да ги зголеми димензиите пред мечката. Тоа секогаш ги изненадува, понекогаш добиваат и „мечкина болест “, т.е. синдром на вознемирени црева“, вели Игор.
Чуму ѝ е на мечка камера?
Игор Шпиленок
Еднаш мечка ни ја зграпчи камерата и ја однесе во езерото. Тоа ни падна тешко, но подоцна дојдовме на идеја да им овозможиме самите да се снимаат, штом веќе толку многу им се допаѓа техниката. Се обративме до GoPro и ни испратија 10 акциони камери со селфи стапчиња“, вели фотографот. „Мечките ги фаќаа и ги носеа, снимајќи се себеси и другите. Додуша, потоа не успеавме да ги најдеме сите камери“.
Игор Шпиленок
„Како што се покажа, тие можат да снимаат, но не ја држат добро камерата. Сè им излегува наопаку или искривено. Но, ако не се смета тоа, тие се одлични камермани. Снимија кадри какви што човек никогаш не би можел да ги направи“.
Русокоси меѓу мечки
Игор Шпиленок
Кафеавата мечка само се нарекува така, а инаку нејзиното крзно варира од светла боја на слама до темнокафеава. Понекогаш човек мисли дека некоја мечка има посветло крзно, а таа всушност „изгорела“ на сонце.
Игор Шпиленок
„Мечките на Камчатка во април излегуваат да се „сончаат“. Таму секогаш има снег и тие шетаат по тој снег и им се насолзуваат очите од сончевата светлина, па цело време подмижуваат. Човек би ставил очила за сонце, но мечката не може, па затоа ѝ се влошува видот а крзното ѝ станува посветло. Потоа се митарат и повторно потемнуваат. Но, обидете се да поминете толку време на сонце! Пет кошули ми станаа посветли за едно лето“.
Најсреќните мечки
Игор Шпиленок
Зошто Камчатка е толку привлечна за фотографите на мечки? Овде има големи резервати каде што никој не ги гиба мечките, ниту ловците, ниту ловокрадците. Освен тоа, имаат што да јадат во текот на целата година, па се случува да не потонат во зимски сон.
Игор Шпиленок
„На Камчатка живеат најсреќните мечки на светот!“, вели Игор Шпиленок. „Храна има во изобилство. Има и јаткасти плодови и бобинки, и лососи. Поради ова мечките не трошат време на задоволување на основните потреби, па имаат многу време за дружење. Најдружељубивите и најразиграните мечки се токму тука. Дури и возрасните единки се такви“.
Игор Шпиленок
„Кога станува збор за мечките, Јужно-Камчатскиот резерват е најгусто населената територија на светот. Во центарот на резерватот е Курилското езеро. Ги има околу две илјади на релативно мал простор. Но, таму има уште еден феномен. Многу од тие мечки се навикнале на луѓето и воопшто не се плашат од нив како на други места. Затоа резерватот е погоден за набљудување мечки“. Но, и мечките ја користат можноста да ги набљудуваат луѓето.
Не хранете ги мечките!
Игор Шпиленок
Не постои друг начин да се движите низ резерватот освен по мечкини патеки. Најбезбедно е кога одите во група и разговарате гласно или пеете нешто. „Ако се приближи мечка, треба да се соберете сите, да се фатите за рака и да галамете. Таа ќе помисли дека тоа е еден голем организам“.
Игор Шпиленок
Најважно е мечката да не сфати дека луѓето имаат храна, бидејќи штом ќе ја проба, секогаш ќе ја бара. Во Кроноцкиот резерват на Камчатка, дури и трошките што ги остануваат по туристите треба да се запалат или да се фрлат во вода. Целата храна мора да се чува на место подалеку од кампот. „Калоричната човечка храна ги привлекува неодоливо. Можеби немаат премногу добар вид, но нивното сетило за мирис е извонредно. Можат да мирисаат на храна дури и во затворена конзерва“.
Игор Шпиленок
„Сега многу луѓе ги хранат мечките од автомобил, што е вистинско злодело. Човекот е безбеден во кола, но мечката потоа секогаш бара таква храна, па ќе нападне и група пешаци. Судбината на таквите мечки е жална. Маорта да бидат застрелани. Ако некому му текне да нахрани мечка, мора да има на ум дека на тој начин всушност ја убива“.