20 неверојатни фотографии на недопрена природа во Русија

Фестивал на природата „Исконска Русија“
На изложбата на фотографии на фестивалот на природата „Исконска Русија“ можат да се видат најневеројатни слики од светот на флората и фауната.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

1. Евгениј Андреев: Чемпресово езерo

Феноменалното езеро Суко во близина на Анапа е вистинска атракција за туристите. Дрвјата на есен добиваат црвени тонови и изгледаат како шума од бајките.

2. Владимир Аникеев: Дива мачка

Во Русија живеат осум видови диви мачки, од амурскиот тигар и манулот до степската мачка. Средбата со нив е голема среќа дури и за искусен фотограф.

3. Андреј Балта. Светлина

Еве каква повеќекрака морска ѕвезда-сончоглед Pycnopodia helianthoides пронајде фотографот Андреј Балта во подводниот свет во близина на островот Монерон кај Сахалин. Долга е околу осумдесет сантиметри и може да се движи изненадувачки брзо.

4. Олга Васик. Зајдисонце над термокарстното езеро

Во Русија има многу термокарстни езера. Таквите необични водни басени настануваат во зоната на вечниот мраз како резултат на одмрзнување на мразот и слегнување на почвата.

5. Игор Власов. Гуска црвеноволка

Гуската црвеноволка е ендемичен вид, што значи дека живее само во Русија. Ова е редок вид птица од семејството на патки, која се гнезди во Тајмир и други места во руската тундра, а презимува на југ, во близина на Црното и Каспиското Море.

6. Николај Гернет. Заспаниот Умка

Умка е лик од истоимениот советски цртан филм за младенче на поларна мечка и неговата мајка мечка. Песната „Приспивна на мечката“ стана популарна, а белите мечиња се прославија како слатки плишани суштества... Но, не е сé толку едноставно. Еве каде во Русија и кои мечки можете да ги сретнете. И да ја преживеете таа средба!

7. Дмитриј Голубјев. Тропските региони на централната зона

Во Русија има четири климатски зони - од поларна на север до суптропски и тропски на југ. За најтоплите места во Русија прочитајте овде, а како луѓето живеат на најстудените места, на минус педесет степени, прочитајте овде.

8. Виталиј Горошков. Мошусно говедо

Виталиј Горшков стана познат по своите фотографии на диви животни: бизони, моржови, поларни мечки и арктички лисици. Сепак, пронаоѓањето на ова мошусно говедо, современик на мамутот, на Тајмир претставува вистински успех. Се работи за сосема непредвидливи животни. „Можат да побегнат штом видат човек, а можат и да не му обрнуваат внимание“, вели Горшков.

9. Андреј Грачов. Планинскиот венец Дусе Алин

Планинскиот венец на Далечниот Исток на Русија е едно од чудата на Хабаровскиот крај. Таму можете да сретнете неповторливи прекрасни места - реки, карпи, водопади. А благодарение на неговата непристапност, ова место успеа да го зачува својот првобитен изглед.

10. Валерија Зверева: Самовилско коњче и мравка

Валерија Зверева има добиено многу награди за нејзината неверојатна макро фотографија на светот кој понекогаш е недостапен за човечкото око. На оваа фотографија како да е пренесена познатата бајка на Иван Крилов за штурецот и мравката (додека таа цело лето работела, правејќи си живеалиште и залихи за зимата, првиот шетал и се забавувал).

11. Дмитриј Иванов. Златни шуми

Дмитриј Иванов претежно се занимава со фотографирање шуми и резервати, доловувајќи ја природата во утринскиот мраз, магичната светлина на зајдисонцето или маглата.

12. Михаил Камински. Бонсаи над Царска плажа со поглед на ‘ртот Капчик

Видиковецот во близина на Бонсаи претставува едно од обележјата на Крим. Ова преубаво место се наоѓа во населбата Нов Свет во близина на градот Судак. 

13. Сергеј Карпухин. Синџирот Черски

Големиот планински венец во Јакутија, кој по димензии може да се споредува со Кавказот, беше истражен и внесен на карта дури 1927 година. 

14. Олег Пантелеев. Бизон

Олег Пантелеев беше еден од организаторите на изложбата „ Исконска Русија“ и претседател на руското Здружение на фотографи на природата. Што сé нема сликано овој вистински приврзаник на фотографиите на животни во нивната природна средина, мечки, волци, диви свињи или еребици.

15. Виктор Тјахт. Тоа сум јас

Фотографиите на Тјахта двапати беа во финалето на престижниот натпревар Wildlife Photographer of the Year. Во фокусот на интересот на овој фотограф се токму малите птици, но не е помалку познат ни по оригиналните снимки на ретки животни во планините на Алтај, во Калмикија и други места во Русија.

16. Олесја Федосеенкова. Во боите на Кавказот

Рускиот Кавказ импресионира со својата разноликост и убавина. Оваа фотографија е снимена на езерото Гитче-Кељ во Република Карачаево-Черкесија.

17. Алексеј Харитонов. Бели карпи

Овие живописни карпи настанале како резултат на вулканска ерупција. Се наоѓаат на најголемиот остров на Курилските острови, Итуруп. Пејзажот е надополнет со плажа со кварцен и вулкански песок.

18. Алексеј Харитонов. „Кекури“ во заливот Золотаја

Специфичните конусни карпи кекури се уште едно неверојатно место на курилскиот остров Итуруп, препознатливи симболи на рускиот Далечен Исток.

19. Алексеј Харитонов. Риба од Стаљна река

Ова „рибино око“ е снимено на Крим, на сливот на реката Стаљна во заливот Сиваш. Лете водата наместа речиси пресушува, правејќи на тој начин мали независни езера.

20. Алексеј Шаскољски. Ми здодеа, мечко

Фотографот Алексеј Шаскољски го фотографираше главното руско животно и господарот на тајгата, па дури објави и книга наречена „Мечкини катчиња на планетата“, во која ги изнесе своите набљудувања за мечките. „Мечката е волшебна ѕверка, но ве предупредувам, многу опасна. Фасцинирани од фотографирањето на ова крзнено чудо, паѓате во канџите на неодоливата зависност од неговиот страшен шарм“, забележува Шаскољски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња