- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Долината на лотосот во Астраханската област
Во делтата на Волга и на брегот на Каспиското езеро расте редок вид - каспискиот лотос. За него се грижат вработените на Астраханскиот резерват.
ФГБУ Астрахански државен резерват на природата
Научниците претпоставуваат дека „свештената билка“ ја донеле птици преселници од Индија и Кина. Во нивните црева може да останат семињата на лотосот, кои потоа ‘ртат кога ќе се најдат во вода. Постојат и други верзии, дека лотосот го донеле номадски племиња или дека ова е всушност автохтоното живеалиште на егзотичната билка.
Ј. Полонски/ФГБУ Астрахански државен резерват на природата
Лотоси во делтата на Волга во Калмикија
Лотосот интензивно цвета и во руската република Калмикија. Во еден од разгранетите краци на делтата на Волга има цели полиња под лотос. Цветањето на „цветот на Буда“ е своевидна визит-карта на оваа република, бидејќи за будистите на Калмикија лотосот има свето значење. Според легендата, лотосови цветови паднале како дожд од небото кога се родил Буда, а потоа се појавувале на местото каде што стапнала ногата на малиот Буда.
Белиот лотосов цвет е прикажан дури и на знамето на република Калмикија.
Public domain
Горните пет ливчиња на лотосот ги симболизираат петте континенти на земјината топка, а долните четири се четирите страни на светот, симбол на аспирациите на луѓето од оваа република за пријателство и соработка со сите народи во светот.
Езерото на лотосот во Волгоградската област
Redboston (CC BY-SA 4.0)
Има уште едно место на Волга каде што живее лотосот. Езерото на Лотосот се наоѓа на водоплавното земјиште покрај реките Волга и Ахтуба. Ова исклучително убаво место го открија во 2007 година жителите на блиското село Красни Буксир.
Попрошаев Сергеј (CC BY-SA 4.0)
Сè уште се дискутира за тоа како лотосот се појавил на ова место. Романтичната верзија гласи дека еден мештанин ѝ подарил на сопругата езерце со цвеќиња, но не кажува како ги засадил и одгледал лотосите.
Долината на лотосот во Краснодарскиот крај
Виталиј Тимкив / Sputnik
Лотосот изобилно цвета и на Таманскиот полуостров, во Краснодарскиот крај. На крајот на XVIII век, по наредба на Екатерина II, овој полуостров бил населен од Козаци, но се покажало дека земјата не е плодна и нема доволно питка вода. Поради оваа причина, во XIX век Козаците ископале уште еден крак во делтата на реката Кубањ, и тој се нарекува Козачки канал. Го поврзува Кубањ со вливот на Ахтаниз, кој на тој начин стана слатководен.
Виталиј Тимкив / Sputnik
Токму во оваа слатководна акумулација научниците во ХХ век, по долготрајни експерименти, успеаја да одгледаат лотоси. Првите цветови никнаа во текот на 1980-тите, а сега долината на лотосот се протега на 2 квадратни километри.
Виталиј Тимкив / Sputnik
Вистина, до оваа убавина може да се стигне само со чамец.
Лотосовото езеро во Курската област
Лотосот сака топлина и најмногу расте на југ, а во Курската област е најсеверната точка каде што цвета. Во 2015 година, во малата населба Маршал Жуков за прв пат беа забележани бледорозови лотоси и оттогаш тие цветаат овде секоја година, привлекувајќи го вниманието на научниците и туристите. Според една верзија, некоја мештанка истурила семе на ова растение во езерото, воопшто не надевајќи се дека ќе се фати.
Лотоси во Приморскиот крај
Антон Балашов / Sputnik
На рускиот Далечен Исток „живее“ голема популација на лотоси. Додека на југот на европскиот дел на Русија е широко распространет каспискиот лотос, во неговиот азиски дел расте загрозениот лотос со семе како орев, или лотосот „Комаров“, како што уште го нарекуваат.
Антон Балашов / Sputnik
Еден од најживописните локалитети е езерото Карасиное во близина на Арјомовската термоелектрана. Се наоѓа во Приморскиот крај, во близина на Владивосток.
Виталиј Ањков / Sputnik
Цели плантажи на лотос цветаат и на езеро близу Усуријск.
Виталиј Ањков / Sputnik
А на езерото Басен близу селото Јаковлевка во Приморскиот крај се одржува дури и фестивал на лотосот.
Виталиј Ањков / Sputnik
Лотоси во Хабаровскиот крај
Јуриј Золотарјов / Sputnik
Во селото Галкино, во близина на кинеската граница и Хабаровск, се наоѓа и познатото Езеро на лотосот. Инаку, лотосот „Комаров“ сака дождливи и топли лета, а цветовите ни случајно не смеат да му се откинат, инаку поголемиот дел од растението ќе биде уништен.
Јуриј Золотарјов / Sputnik
Далекоисточните лотоси се реликтни, се задржале уште од најстаро време. Научниците сметаат дека растеле на подрачјето на Амур, Усурија, Тунгуска и други реки уште пред ледената доба, кога климата била потопла.
Лотос во Амурската област
Амурска област е уште еден далекоисточен регион каде што може да се види „цветот на Буда“. Низ целиот регион се расфрлани неколку езера каде што цвета лотосот. Областната власт составува дури и мапа на локациите каде што лотосот веќе процветал и каде наскоро ќе процвета.
Denis17012005 (CC BY-SA 4.0)
Особено познат по своите лотоси е Хинганскиот резерват. Таму овие растенија можат да се видат на езерата Долгое и Кривое. А ако имате среќа, истовремено можете да ги видите и ретките загрозени жерави кои свиваат гнезда во резерватот.
Рибник во Белгородската област
Валериј Морјев / Sputnik
Првите цветови на лотос се отворија во 2015 година и во рибникот во близина на селото Биковка во регионот Белгород. Огромните ливчиња веднаш го привлекоа вниманието на новинарите и фотографите-аматери.
Семето на егзотичното растение на ова место го донесе Анатолиј Баканов од Далечниот Исток, од каде пред неколку години со семејството се пресели во овој регион. Тој се обиде да ги одгледува овие цветови и во неколку други езера, но ќудливата билка се зафати само овде.