- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
1. Автохтоните народи (Ненци, Селкупи, Ханти и други) кои живеат во јамалската тундра (северот на Русија) се традиционални одгледувачи на ирваси. А ирвасите, замислете, не само што сакаат мирно да ја пасат тревата што се пробива низ снегот, туку и да се тркаат со модерни автомобили? Овие спринтери учествуваат во необични трки кои секоја година се организираат на Јамал.
Алексеј Мајшев / Sputnik
2. Секоја пролет во Јамало-Ненецкиот автономен округ се слави најголемиот празник овде - Денот на одгледувачите на ирваси. Номадските народи доаѓаат од тундрата во градовите и ги донесуваат своите обичаи, својата кујна и своите спортови и сето тоа го споделуваат со жителите на градовите. Најатрактивна глетка е секогаш трката на запреги со ирваси. Така беше и на крајот на март 2022 година во Салехард, единствениот град во светот кој се наоѓа над Северниот поларен круг.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард
3. Прво, одгледувачот мора да го фати најбрзиот ирвас во стадото (што само по себе веќе е цел настан!) и да го впрегне како што е пропишано. После тоа започнуваат тренинзите. На Денот на одгледувачот на ирваси тоа изгледа како шоу, но всушност се работи за голем предизвик.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард
4. Пред стартот гостите на Денот на одгледувачот на ирваси уживаат во парадата на запреги. Северните народи ги демонстрираат украсите на нивните најдобри тркачи. Потоа започнуваат трките.
Алексеј Мајшев / Sputnik
5. Запрегата се состои од три до шест ирваси. „Кајурот“, т.е. гоничот на запрегата, користи специјален стап долг три метри што се вика „хореј“. Со негова помош тој управува со санките и ги води ирвасите со свиркање.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард / Sputnik
6. Патеката е долга само 600 метри, но ирвасите фаќаат залет отприлика 100 метри пред стартната линија и запираат далеку зад целната линија. Ирвасот не може брзо да запре и затоа гледачите мораат да стојат на дистанца бидејќи животното во трк не забележува ништо на својот пат.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард
7. Ирвасот развива брзина од 60 километри на час. Како автомобил! На одгледувачот му е потребно големо искуство за да управува со запрега.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард
8. Гледачите по малку им пречат на кајурите (гоничите), бидејќи ирвасите се плашат бучна толпа и можат да застранат од патеката.
Сергеj Афанасенко/Медиjа центaр Салехард
9. На натпреварот во 2022 година учествуваа вкупно 77 екипи, од кои со 21 запрега управуваа жени. Трките со санки што ги влечат ирваси се единствениот номадски спорт во кој жените се натпреваруваат заедно со мажите.
Алексеј Мајшев / Sputnik
10. Втора година по ред победник е Александар Салиндер. Како награда доби моторна санка. Најдобар женски резултат постигна Нина Лаптандер. И таа доби санка.
Алексеј Мајшев / Sputnik