Од вагон право во снег до гуша: Како виулица завеа железничка станица на југот на Русија (ВИДЕО)

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет е објавена снимка на која Руси, излегувајќи од воз, паѓаат во огромни навеви. Патниците се речиси до гуша во снегот, а за да се симнат од перонот мораат да ползат.

„Руски железнициˮ потврдија дека станува збор за планинската станица Гојтх, 30 километри северно од градот Туапсе. Имено, минатата недела Краснодарскиот крај го снајде силна снежна бура и комуналните служби не стигнаа да го исчистат снегот од објектите. Навевите високи половина метар се формираа за само неколку часа.