Санкт Петербург. Новогодишна елка на Дворцовиот плоштад. Главната новогодишна елка во градот е украсена во класичен стил со знаменца, топки и украси во вид на куќи, Снешко и коњ со блескава ѕвезда на врвот.

Лев Федосеев / TASS
На главниот плоштад во Мурманск на северот на Русија се сместиле огромни фигури на поларни животни: мечки и ирваси! Посетителите се добредојдени на празничниот саем со интересни подароци и локални деликатеси.

Лев Федосеев / TASS
Јакутск, главниот град на Јакутија, најстудениот регион во Русија, е меѓу првите градови кои годинава беа украсени во Русија.
Вадим Скрјабин / TASS
Белата казањска тврдина ги привлекува туристите и жителите на градот со своето занесно осветлување. Тешко е да се одолее и да не се направи фотографија!
Максим Богодвид / Sputnik
Овој парк во Краснодар на југот на Русија е една од најновите градски атракции и ново омилено место за шетање на жителите на градот. Снегот овде е мошне ретка појава, но новогодишното расположение е веќе во воздухот. Дрвјата просто блескаат!
Виталиј Тимкив / Sputnik
Новогодишната елка и празничното осветлување беа поставени и во главниот град на Чеченија - Грозни, кој исто така има една од најтоплите зими во Русија.
Магомед Чабаев / Sputnik
Премногу е студено за капење во Црното море, но луѓето од туристичкиот град Геленџик уживаат во благото време и празничните инсталации по должината на брегот. Оваа елка е раскошна!
Виталиј Тимкив / Sputnik
Најзападниот руски град - Калининград, ги накити своите преубави цркви и улици.
Михаил Голенков / Sputnik
Новогодишна елка и лизгалиште на плоштадот „Ленин“ во Новосибирск. Оваа година нема да има масовни собири на ова место, но лизгалиштето на 31 декември ќе биде отворено до 22 часот. Луѓето сепак можат да уживаат во осветлувањето колку сакаат!
Кирил Кухмар / TASS
Во јужниот град Белгород светлата на новогодишната елка беа запалени за време на празничната приредба.
Антон Вергун / Sputnik
Се чини дека го најдовме рускиот Дедо Мраз! Запре во Краснојарск заедно со своите ирваси и подароците.
Иљја Најмушин / Sputnik
Овие светлечки мечки се наоѓаат во еден реон на Москва надвор од центарот на градот. Погледнете како е украсена Москва за дочекот на Новата 2022 година!
Григориј Сисоев / Sputnik