Овој напуштен јагленокоп е вистинско ракотворено чудо на руската провинција (ФОТОГРАФИИ)

Getty Images
Напуштениот рудник за јаглен во Тулската област стана едно од најпопуларните места за руските блогери. Водата таму е тиркизна, бреговите изгледаат моќно, а дрвјата во шумата се високи.

1. Романцевски ридови (или Кондуки) во Тулската област се вистинско рачно изработено чудо, кое се состои од депонии и потопени јагленокопи. Овој фантастичен пејзаж се наоѓа помеѓу селата Романцевски и Кондуки (околу 90 минути со автомобил од Тула), и затоа некои ги нарекуваат Романцевска ридови, а други Сините езера на Кондуки.

2. Тука од 1960 -тите до 1990 -тите години имаше површински рудник за лигнит, но потоа беше напуштен. И селото Кондуки денеска е празно. Повеќето негови жители заминаа да бараат друга работа.

3. Во меѓувреме природата го „преуреди“ овој предел. Ветрот, дождот и снегот постепено направија сето ова да изгледа како некој друг свет. Потопените мајдани ја имаат оваа тиркизна боја поради посебните минерали во почвата.

4. Овие езера, далеку од градовите и сообраќајниците, беа непознати пред неколку години, а потоа блогерите ги открија и ги изрекламираа како вистинска знаменитост. Сега секој турист што ја посетува Тулската област задолжително мора да намине и на Романцевските ридови.

5. „Пејзажот е неверојатен и пријатен за око“, „од таа убавина ти запира здивот“, „пејзажот е како на Марс“, „имам чувство како да сум на друга планета“ - ова се само некои од коментари поврзани со ова волшебно место.

6. Интересно е што во езерата Кундуки има риби и покрај нивното индустриско потекло. Може да се најдат крап, костреш, па дури и штука.

7. Тука во моментов нема туристичка инфраструктура. Посетителите доаѓаат со автомобил, ноќеваат во шатори и подготвуваат јадење на плинско шише, што многумина го доживуваат како своевиден романтизам. Некои туристи, додуша, истакнуваат дека локалните жители нудат и изнајмување шатори и други потрепштини.

8. Најважно е да понесете добри обувки и ветровка, бидејќи падините овде се лизгави и потешко е да се спуштате отколку да се искачувате. Покрај тоа, тука честопати е ветровито.

9. Официјално е забрането влегување во вода, бидејќи експертите никогаш не ги истражувале дното (судејќи според сé, длабоко е 20 метри) и хемискиот состав на водата. Но, секогаш ќе се најде некој што ќе го прекрши правилото.

10. Во последно време, многумина се жалат дека луѓето оставаат еден куп ѓубре зад себе, дури и без да размислуваат дека треба да го отстранат. Тие се надеваат дека туристите ќе престанат да ја расипуваат тукашната убавина, бидејќи во спротивно Сините езера ќе се претворат во Отпадни езера.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња