Официјално Русија се граничи со 18 земји, и тоа е најголем број соседни земји на светот! Осум од овие осумнаесет соседи се поранепни советски републики, а останатите десет се држави на Европа, Азија, па дури и на Америка. Руската граница е долга вкупно 60.932 километри, од кои 22.125 километри се на копно, а 38.807 километри се на море.
Благовештенск. Поглед на брегот на реката Амур и на градот Хејхе (Кина)
Александар Рјумин/TASSРуско-кинеската граница е долга над 4.200 километри. Минува низ голем број реки и езера. Рускиот далекоисточен град Благовештенск се наоѓа на само 500 метри од кинескиот град Хејхе. Граница меѓу двете земји е и реката Амур. Жителите можат да си мавтаат со рака додека шетаат крај брегот на реката. Планирано е во 2023 година преку реката да се направи премин, што ќе овозможи од едната до другата страна да се мине за неколку минути.
Зградата на железничката станица во Забајкалски. // Матрјошка висока 30 метри на Плоштадот на матрјошката во градот Манџурија.
Евгениј Епанчинцев/ТАСС; Евгениј Епанчинцев/SputnikВо Сибир градовите Забајкалски и Манџурија се оддалечени еден од друг само 6 километри. Во кинескиот град за руските туристи направени се голем број продавници и центар за забава. Најимпресивна е џиновската матрјошка која се наоѓа на влезот од градот.
Рускиот остров Ратманов (десно) и американскиот остров Крузенштерн (десно) се наоѓаат во Беринговиот мореуз. Трансибирската експедиција 1992-1993 го мина Сибир од Надим до Беринговиот мореуз, проучувајќи го и комуницирајќи со староседелците во текот на целата маршрута.
Jacques Langevin/Sygma/Getty ImagesРуското и американското копно ги дели Беринговиот мореуз меѓу островите кој на едно место е широк само 3.750 метри. Ратмановиот остров ѝ припаѓа на Русија, додека Крузенштерн им припаѓа на Соединетите Американски Држави. Тука воедно е и границата на временската зона. Од американска страна живеат стотина луѓе (автохтони жители на Алјаска), додека на руската страна се наоѓа само караула.
Членови на експедиција стојат на брегот на ‘ртот Васин на островот Уруп (остров од јужната група на Големиот гребен на Курилските острови).
Данил Годлевски/SputnikОваа граница е воспоставена по Втората светска војна. Минува низ подрачјето на Курилските острови. Меѓутоа, Јапонија не се сложува со тоа и овие острови ги третира како своја територија. Руските граничари често имаат работа со јапонските рибари кои нелегално навлегуваат на територијата на Русија.
Граничари за време на стражата на територијата на контролниот пункт Хасан во граничната зона покрај државната граница на Руската Федерација со Народна Република Кина и демократската Народна Република Кореја.
Јуриј Смитјук/TASSГраницата помеѓу Русија и Северна Кореја е долга најмалку 40 километри и минува низ реката Туманај во Приморскиот крај, на подрачјето на станицата Хасан. Железничкиот Мост на пријателството преку оваа река подигнат е во советскиот период.
Република Тува. Карпа на границата со Монголија.
Владимир Смирнов/TASSРуските републики Алтај, Тува и Бурјатија, како и Забајкалскиот крај, се граничат со Монголија. Поголемиот дел од оваа граница (со вкупна должина од 3.485 километри) минува низ зафрлени подрачја, така што на неа има само 12 гранични премини.
Државната граница помеѓу Русија и Естонија минува низ средината на старото корито на реката Нарва. На сликата: тврдината Нарва на територијата на Естонија (лево) и Ивангородката тврдина на територијата на Русија (десно). Алексеј Даничев
Алексеј ДаничевЕдна од најубавите делници на државните граници на Руската Федерација се наоѓа помеѓу Ивангород (Псковската област) и Нарва (Естонија). Ова се две средновековни тврдини споени со пешачки мост преку реката. Уште во 1957 година, кога Естонија и Русија беа советски републики, тие си дадоа една на друга делови од териториите (тогаш тоа беше обична формалност), по што денес Русија има територијални претензии на полуенклавата Дубки.
Челичниот мост Бекфорд на автопатот Е105 кај населбата Стурскуг. Автопатот Е105 е единствен магистрален пат кој ја пресекува норвешко-руската граница.
Лев Федосеев/TASSНајсеверната граница на Русија минува над Поларниот круг во Мурманската област. Таа во советскиот период беше фактички затворена. Во руската погранична населба живеат главно граничари и работници од локалната хидроелектрана.
Средба на рускиот Дедо Мраз со финскиот Јоулупуки на руско-финската граница,
Александар Гаљперин/SputnikНа руско-финската граница функционираат осум гранични премини: три во Виборшкиот реон, три во Карелија и два во Мурманската област. Во Карелија постојат и два гранични премина на кои е овозможена поедноставена процедура на премин. Нив можат да ги користат само државјаните на Русија и на Финска.
Латвиско-руската граница и преминот на железничката пруга во близина на Луѕе од птичја перспектива.
AFPГраницата помеѓу Русија и Латвија минува низ Псковската област. Долга е нешто повеќе од 270 километри. Токму тука Русија се граничи со Европската Унија и со НАТО.
Песочна плажа на брегот на Балтичкото море во националниот парк „Курска превлака“.
Ирина Мандрикина/TASSПоголемиот дел од руско-литванската граница се протега по должината на Курската превлака. Ова е руска енклава во Калининградската област, едно од најживописните места на брегот на Балтичкото море.
Работник на пункт на полско-руската граница.
Игор ЗерембоГраницата минува од „надворешната“ страна на Калининградската област, низ Балтичката превлака. Постојат неколку гранични премини каде границата може да се мине со воз, со автомобил, па дури и со велосипед.
Руска и белоруска стела на граничниот пат
Legion MediaОваа граница се појави по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и постои само формално. На неа нема гранична контрола. Минува на краевите на Псковската, на Смоленската и на Брјанската област. Иако тука нема гранични премини, странците кои сакаат да ги посетат двете земји сепак мораат да имаат две различни визи.
Дагестанското село Хрјуг на брегот на реката Самур.
Алексеј Куденко/SputnikГраницата со Азербејџан се протега по крајот на Дагестан, најјужното подрачје на Русија, а исто така и по реката Самур во планините.
Пограничен знак на руско-казахстанската граница.
Autorizazia (CC BY-SA 3.0)Најдолгата копнена граница на светот е онаа помеѓу Русија и Казахстан. Долга е 7.598,8 километри. Со Казахстан се граничат 12 руски области, од Астрахањ до Алтај.
Споменик со симболот на Република Крим во близина на граничниот пункт „Џакој“ на границата помеѓу Русија и Украина.
Владислав Сергијенко/SputnikГлавниот дел од границата минува по крајот на Брјанската, Курската, Белгородската, Воронешката и Ростовската област. Украина има територијални претензии во поглед на руската република Крим, но факт е дека од 2014 година Русија има граница со Украина која минува преку езерото Сиваш, сè до Армјанск.
Автомобилскиот граничен премин „Горни Ларс“ кој е отворен на грузиско-руската граница.
Владимир Иванов/SputnikОткако Русија во 2008 година ги призна републиките Абхазија и Јужна Осетија по нивното одвојување од Грузија, помеѓу Русија и Грузија остана само еден контролен пункт на Грузискиот воен пат. Од гледна точка на Грузија границите не се измениле од распадот на СССР.
Контролниот пункт „Псоу“ на руско-абхаската граница.
Владимир Смирнов/TASSГраницата минува во близина на рускиот град Адлер на Црното море. Мештаните можат да минат без визи и пасош, пеш, со воз или со автомобил. Меѓутоа, на странските државјани не им е доволен преминот на овие граници.
Воено-осетинскиот пат на излезот од Алагирската клисура.
Александар Божков (CC BY-SA 4.0)Од Русија во Јужна Осетија може да се стаса само по Транскавкаската магистрала или преку неколку планински премини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче